Француска инвазија на Русија
Француската инвазија на Русија во 1812 година , исто така позната како руска кампања во Франција[5] (француски: Campagne de Russie) и Патриотска војна во 1812 (руски: Отечественная война 1812 года), претставувала пресвртна точка за време на Наполеондките војни. Наполеон Бонапарт со околу 690.000 армија на 24 јуни 1812 година започнал со својата инвазија во Русија. Руската војска се спротивставила најмногу од стратегиска гледна точка избегнувајќи неколку битки. Наполеон ја зазел празната Москва но без одлучувачка борба со руските сили по кое морал да се повлече од Русија во време на зимата. Оваа инвазија има голема улога во руската култура (види: Војна и мир), а често се споредува и со германската инвазија на земјата во текот на Втората светска војна.
Француска инвазија на Русија (Патриотска војна од 1812) |
|||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Наполеонови војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Француско Царство | Руско Царство Шведска |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Наполеон I Луис Александар Бертиер Луис-Николас Давоут Михел Неј Етиене-Џаквес-Џозеф-Александре МекДоналд Николас Оудинот Предлошка:Country data Westphalia Џероме Бонапарте Џозеф Пониатовски Јоахим Мурат Егуене Де Беахарнаис Карл Филип Лудвиг Јорк вон Вартенбург | Александар I Михаил Кутузов Михел Андреас Барцлај де Толи Петар Багратион † Петер Витгенстеин |
||||||
Сила | |||||||
Grande Armée: ~685,000[2] | Imperial Russian Army: regulars: 198,250 June 20th[2] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Починати: 380,000 Преживеани: 120,000 мажи (со исклучок на дезертерите). Од нив, 50,000 биле австријци и пруси, 20,000 Полјаци и 35,000 французи.[3] | Починати: 210,000[4] |
Сили
уредиФранцуската армија која имала сила од 691,000 војници на 24 јуни 1812 година ја поминала реката Немен и се упатила кон Москва. Во тоа време ова била најголемата некогаш соберена војска во историјата на Европа. Заедно со сојузниците, оваа бројка достигнувала и до 800.000 војници.
Според некои проценки, руската армија во 1812 година во почетокот имала помалку војници. Околу 280.000 војници биле распоредени на границата со Полска. Царот Александар I претходно имал планови да го нападне Варшавското војводство.
Напад
уредиПред да започне со нападот, Наполеон упатил последен мироврн ултиматум до Петроград. Тој никогаш не добил одговор, по кое издал наредба да се нападне рускиот дел на Полска. Во почетокот Наполеон се соочил со многу мал отпор, па напредувал брзо преку руската територија. Барклеј де Толи, рускиот главен командант одбил да се бори, иако Петар Багратион инсистирал на тоа. На неколкупати се обидел да воспостави одбранбени линии, но секогаш француската армија била пребрза поради кое бил принуден да се повлече.
Колку што француската армија напредувала, толку започнала да се соочува со проблеми околу снабдувањето. Политичкиот притисок кон Барклеј де Толи сè повеќе се зголемувал за да влезе во конфликт со Французите. Освен тоа што одбивал, руските генерали се спротивставиле на неговата стратегија, па тој бил сменет од позицијата, а на негово место бил поставен Михаил Кутузов. Иако тој пред да биде поставен гледал во стратегијата диртектен конфликт, сепак кога застанал на функцијата и тој избегнал конфликт на истиот начин како и неговиот претходник, бидејќи сметал дека било нелогично да ја жртвува својата армија. По крајот на Битката кај Смоленск од 16 до 18 август 1812 година, Кутузов конечно успеал да воспостави одбранбена позиција кај Бородино.
Битката кај Бородино се одвила на 7 септември и претставува најкрвавиот ден во Наполеоновите војни. Руската војска броела околу 120 000 луѓе со 640 орудија, а француската околу 130 000 - 135 000 луѓе со 587 оудија. Во битката Русите загубиле околу 44 000 војници, а Французите околу 50 000. Сепак, Кутузов се повлекол со војската на исток од Москва, а градот му го препуштал на Наполеон. По ова следувала евакуација, по наредба на Кутузов, на градот Москва.
Москва
уредиНаполеон влегол во напуштениот град во кој не можел да пронајде ништо корисно кое би му помогнало за снабдување на неговата војска. Самиот Наполеон се навратил на класичните правила при војувањето, зазимајќи ја Москва (и покрај тоа што не била престолнина), очекувал рускиот цар да потпише капитулација. Но тоа не се случило. Русите немале намера да се повлечат. Кога Наполеон се припремал да влезе во Москва, кај него не дошла ниту една делегација од градот која ќе му ги предаде клучевите од Москва во обид да ги спаси населението од грабеж и слично. Москва била празна. При нормалните предавања на градот, какви во историјата ги имало мнногу, обично градските власти со окупаторот се договарале или потпишувале некаков договор за тоа каде ќе биде сместена војската и како ќе биде поддржувана. Москва, која пред инвазијата имала околу 270.000 жители, при влезот на Французите, имала само една третина од населението и тоа старци, слуги и луѓе кои не можеле да бегаат. Оние кои го напуштиле градот зеле сè што би им било од корист на Французите, а останатото го запалиле.
Кога француските сили влегле во Москва, започнала борба во која секој војник се борел за самиот себе барајќи храна и нешто корисно. Во градот настапил голем хаос, во кој улогата ја изгубиле и самите офицери и генерали. Московскиот градоначалник наредил да бидат запалени не само залихите од храна, туку и домовите. Две третини од куќите биле изградени од дрво. Се претпоставува дека четири петини од Москва биле целосно уништени. Наполеон бил многу разочаран. Пред да ја напушти Москва, дал наредба да се запали Кремљ и сите негови објекти.
Повлекување
уредиКога Москва била до темел изгорена, Наполеон наредил повлекување. Кутузов ги присилил на француските сили да се вратат кон Смоленск, од каде и дошле претходно. По овој пат одамна веќе немало никакви залихи од храна. Тоа било уште еден пример од големата стратегија на Кутузов. По ова, тој наредил партизанска борба со Французите за да им оневозможи да се пренасочат. Снабдувањето на француската војсна било невозможно. Француските војници започнале да си ги убиваат своите коњи за да можат да се прехранат. Поради недостаток од коњи, голем дел од топовите и оружјето останало на руска територија. Денеска, околу 800 топови се наоѓаат во Московскиот кремљ. Меѓу француските војници владеело глад и болести. Исцрпената француска армија била поразена во неколку битки.
Кон почетокот на декември 1812 година, Наполеон дознал дека генералот Клод де Мале сакал да изврши државен удар во Франција. Поради ова, тој со санка заминал за Париз. Во следните денови продолжиле поразите на Французите. На 14 декември 1812 година, конечно Французите ја напуштиле Русија.
Наводи
уреди- ↑ von Clausewitz, Carl (1996). The Russian campaign of 1812. Transaction Publishers. Introduction by Gérard Chaliand, VII. ISBN 1-4128-0599-6
- ↑ 2,0 2,1 Riehn, p.50
- ↑ Zamoyski, page 536
- ↑ Bogdanovich, "History of Patriotic War 1812", Spt., 1859–1860, Appendix, pp. 492–503.
- ↑ Boudon Jacques-Olivier, Napoléon et la campagne de Russie: 1812, Armand Colin, 2012.