Дедал — лик во старогрчката митологија, вешт вајар, ковач, научник, архитект и првиот митолошки летач. Тој бил син на Метион и Алкипа, а занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата (на пр. лавиринтот на Крит). По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Пердувите ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се наводени, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија. Потоа, Дедал пристигнал на Сицилија.[1] [2]

Дедал и Икар

Дедал како мотив во уметноста и популарната култура уреди

  • Дедал“ (Dedalus) — италијанска џез-рок група, основана во 1973 година.
  • „Дедал“ (Dedalus) — песна на американската група Нерв (Nerve) од 1993 година.[3]

Извор уреди

  • Дедал пред 24 века слетал на Плаошник, Дневник, Скопје, сабота, 19 мај 2007,.

Наводи уреди

  1. „www.britannica.com, Daedalus“. Архивирано од изворникот на 2021-02-01. Посетено на 2021-02-02.
  2. www.ancient.eu, Daedalus
  3. YouTube, Nerve – Dedalus 1993 (Single). (пристапено на 2.9.2021)