Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година

Финале на Купот на европските шампиони 1982фудбалски натпревар одржан на стадионот „Фејенорд“ (наречен и „Де Којп“) во Ротердам, Холандија на 26 мај 1982 г. кој завршил со победа на англискиот првак Астон Вила над западногерманскиот првак Бајерн Минхен со 1–0. Со ова, Астон Вила за прв (и досега единствен) пат го освоиле Европскиот куп. Ова била шеста европска титула за клуб од Англија.

Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1981/82
Датум26 мај 1982
СтадионФејенорд, Ротердам
Играч на
натпреварот
Питер Вит (Астон Вила)
СудијаЖорж Конрат (Франција)
Гледачи46.000
Временски приликиведро
1981
1983

Пат до финалето

уреди
  Астон Вила Круг   Бајерн Минхен
Противник Збир. Прв натп. Втор натп. Противник Збир. Прв натп. Втор натп.
  Валир 7–0 5–0 Д 2–0 Г Прв круг   Естерс 6–0 1–0 Г 5–0 Д
  Динамо Берлин 2–2 (г) 2–1 Г 0–1 Д Втор круг   Бенфика 4–1 0–0 Г 4–1 Д
  Динамо Киев 2–0 0–0 Г 2–0 Д Четвртфинале   Университатеа Крајова 3–1 2–0 Г 1–1 Д
  Андерлехт 1–0 1–0 Д 0–0 Г Полуфинале   ЦСКА Софија 7–4 3–4 Г 4–0 Д

Натпревар

уреди

Преглед

уреди

Натпреварот бил огромно постигнување за Тони Бартон како тренер, бидејќи ова му била прва сезона во тоа својство. Настапил во ова својство пред четвртфиналето по случајност, поради неочекуваното напуштање на дотогашниот тренер на Астон Вила, Рон Сондерс.

Еден од повпечатливите моменти во финалето се случил кога по 10 минути ветеранскиот голман Џими Ример се здобил со повторна повреда на рамото. Него го заменил Најџел Спинк, кому ова му било само втор настап како клупски голман на поголемо натпреварување. Спинк ги спречил сите обиди за гол на Бајерн Минхен, за што добил високи оценки и станал главен голман на Астон Вила во наредните 10 сезони.

Друг впечатлива случка е кога Бајерн Минхен успеале да ја внесат топката во голот во последните три минути, но голот бил досуден како офсајд. Истото им се случило на Астон Вила неколку секунди пред крајот на натпреварот, но овој втор гол бил отфрлен од судиите.

Како бранител на европската шампионска титула, Астон Вила учествувале во следната сезона на Европскиот куп, Европскиот суперкуп и Интерконтиненталниот куп. На следниот Европски куп, Астон Вила успеле да ја задржат титулата сè до четвртфиналето, кога изгубиле од Јувентус. Ги победиле Барселона со збирен резултат од 3–1, така освојувајќи го Суперкупот, но изгубиле со 2–0 од уругвајскиот клуб Пењарол на Интерконтиненталниот куп во Токио, Јапонија.

Поробности за натпреварот

уреди
26 мај 1982 г.
20:15 ч. CEST
Астон Вила   1–0   Бајерн Минхен Фејенорд, Ротердам
Гледачи: 46.000
Судија: Жорж Конрат (Франција)
Вит   67' Извештај
 
 
 
 
 
 
Астон Вила
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Бајерн Минхен
ГМ 1   Џими Ример   9'
ОД 2   Кени Свејн
ОД 3   Гери Вилијамс   38'
ОД 4   Алан Еванс
ОД 5   Кен Мекнот
СР 6   Денис Мортимер  
СР 7   Дез Премнер
НП 8   Гери Шо
НП 9   Питер Вит
СР 10   Гордон Кауанс
СР 11   Тони Морли
Замени:
ГМ 16   Најџел Спинк   9'
ОД   Колин Гибсон
СР   Енди Блер
СР   Пет Херд
НП   Дејвид Гедис
Тренер:
  Тони Бартон
ГМ 1   Манфред Милер
ОД 2   Волфганг Дремлер
ОД 3   Удо Хорсман
SW 4   Ханс Вајнер
ОД 5   Клаус Аугенталер
СР 6   Волфганг Краус   78'
СР 7   Бернд Дирнбергер
СР 8   Паул Брајтнер  
НП 9   Дитер Хенес
СР 10   Рајнхолд Мати   51'
НП 11   Карл-Хајнџ Румениге
Замени:
СР 16   Гинтер Гитлер   51'
СР 13   Курт Нидермајер   78'
ГМ   Валтер Јунгханс
Тренер:
  Пал Чернаи

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди