Офсајд или недозволена позиција - правило во фудбалот кое одредува дека играчот на екипата во напад, во моментот кога му се упатува топката од негов соиграч, мора да биде во линија или зад најмалку двајца противнички играчи (од кои еден најчесто е противничкиот голман).[1]

Во офсајд се наоѓа синиот играч во левиот дел од сликата, лево од вертикалната испрекината црта, со оглед дека е поблиску до гол-линијата од топката и од претпоследниот играч на противникот. Меѓутоа, тоа не значи дека екипата моментално мора да биде санкционирана со досудување недозволена позиција.

Примена на офсајдот

уреди

Офсајдот може да се подели на три дела:

  • Недозволена позиција
  • Досудување на офсајд, и
  • Санкција на самиот офсајд.

Недозволена позиција

уреди

Во 2005 година одборот на ФИФА донел ново правило во однос на офсајдот, спрема кое во офсајд е играч кому барем дел од телото (глава, стапало...) му е поблиску до гол-линијата на противничкиот гол од топката и од некој противнички играч.[1]

Ова правило значи дека екипата која напаѓа мора да води сметка противничката екипа да има барем двајца играчи (сметајќи го и голманот) помеѓу гол-линијата и некој нивен играч, или сите играчи на екипата која напаѓа да се зад топката, така таа би била поблиску до гол-линијата од кој било нивен играч.

Битно е да се напомене дека екипата чиј играч е во недозволена позиција не смее веднаш да се казни со досудување офсајд. До прекин на нападот доаѓа дури кога на играчот во напад кој е во недозволена позиција му се упати топката. Играчот не е во офсајд ако топката ја добил од противнички играч или од свој играч од прекин, под услов тој прекин да не е слободен удар, или ако е на својата половина од теренот.

Досудување офсајд

уреди

Играч кој се наоѓа во недозволена позиција треба да се санкционира само ако во тој момент некој од неговите соиграчи ја упати топката до него, намерно или случајно. Тогаш тој активно учествува во играта а се наоѓа во недозволена позиција.

Се смета дека играчот е во недозволена позиција тогаш кога топката нему му е упатена. Доколку топката му е упатена кога не бил во таква позиција, нема офсајд. Доколку играчот во офсајд тргне назад во дозволена позиција, без оглед на тоа што се обидува да излезе од недозволена позиција и оди назад, и понатаму се гледа каде се наоѓал кога топката му била упатена. Дали играчот активно учествува во играта е сложено прашање. Во 2003 година, ФИФА донела одлуки кои тоа го одредуваат, а тие се во примена од јули 2005 година.

Санкција на офсајдот

уреди

Офсајдот се санкционира со индиректен удар за противникот на местото каде што бил играчот во недозволена позиција во моментот кога соиграч му додал или ја допрел топката.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Правило 11 — Офсајд“ (PDF). Laws of the Game 2014/2015. Zurich: Fédération Internationale de Football Association. 2014-06-27. стр. 36. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-04. Посетено на 22 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди