Филип V (Шпанија)
Филип V од Шпанија бил француски и крал на Шпанија, прв претставник од Бурбонската династија во Шпанија кој се качил на престолот. Филип е роден во градот Версај на 19 декември 1683 година. тој е вториот син на францускиот дофен Луј Бурбонски и Марија Ана Баварска. По таткова линија, тој е внук на Луј XIV и Марија Тереза. Европските држави жестоко се спротивставиле на објавувањето на Филип за крал на Шпанија по смртта на Карлос II од Шпанија по што започнала т.н. Војна за шпанското наследство која траела тринаесет години и завршила со договорот од Утрехт во 1713 и Раштат во 1714 година. Со војната, Филип бил признат за крал на Шпанија од другите европски држави но Шпанија ги загубила Менорка, Гибралтар, Шпанските Ниски Земји, Неапол, Милано, Сардинија и Сицилија. |