Филип Сибинов Додевски ( 1924 во Пелинце, Кумановско20 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Во родното место завршил основно училиште, а потоа им помагал на домашните во обработувањето на земјата. Поради честото малтретирање од страна на бугарската фашистичка полиција бил принуден да го напушти родното село и да се пресели и во Куманово. Бо 1943 година бил интерниран во Бугарија, каде останал сè до август 1944 година. Непосредно по враќањето во родното село, стапил во Третата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во борбите кај железничката станица - Табановце, рудникот Лојане, Велес и во други борби. Бо борбите се истакнувал со својата храброст и пожртвуваност. На 20 октомври 1944 година иако бил опколен од балистите и Германците близу Шишево, храбро се борел до последниот куршум. Во оваа нерамна борба против непријателот, го дал својот млад живот за слободата на Македонија.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 188–189. На |first= му недостасува |last= (help)