Фердинанд Ритер фон Манлихер (германски: Ferdinand Ritter von Mannlicher; (30 јануари 1848, Мајнц, Германија - 20 јануари 1904 Виена, Австрија) — инженер и конструктор на оружје. Се прославил со патентирање на пушкатаМанлихер-Шенауер“ (популарно наречена „Манлихерка“) со вртлив магацин заедно со Ото Шенауер.

Фердинанд Манлихер
Ferdinand Mannlicher
Роден(а)Фердинанд Манлихер
30 јануари 1848(1848-01-30)
Мајнц, Големо војводство Хесен
Починал(а)20 јануари 1904(1904-01-20) (возр. 55)
Виена, Австроунгарија
Занимањепронаоѓач

Во 1887 му бил доделен Орден на железната круна III класа. Во 1892 се здобил со титулата ритер фон („витез од“) заради неговото претходно облагородување. Во 1899 бил доживотно поставен за пратеник во австрискиот горен дом.

Манлихеровиот успех се должел на неговите пушки со затворач. За да видиме колку бил пред своето време, треба само да ги погледаме неуспешните нацрти за автоматски пушки. Европската воена муниција не била доволно робусна за да се испалува од автоматска пушка или митралез. Според ВХБ Смит во „Mauser, Walther and Mannlicher Firearms“, „Манлихер 1885“ станал вдахновение за „Гаранд“, а „Манлихер 1900“ со 'краткотактен клип' бил вдахновение за „Винчестер М1 Карабина“.

Патенти

уреди

Надворешни врски

уреди