Фердинанд Ласал (германски: Ferdinand Lassalle) — германски филозоф, правник, економист и политички деец од еврејско потекло.

Фердинанд Ласал
германски филозоф и правник
Роден(а)11 април 1825
Бреслау, Прусија
Починал(а)31 август 1864
Женева, Швајцарија
„Големата петорка“ на германската социјалдемократија - Август Бебел, Вилхелм Либкнехт, Карл Маркс, Карл Толке и Фердинанд Ласал

Идеолошки ставови и општествено-политичка активност

уреди

Фердинанд Ласал бил социјалист и деец на германското работничко движење. Во 1863 година, тој бил еден од основачите на Општиот германскиот работнички сојуз (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein), претходник на Социјалдемократската партија.[1] Ласал бил републиканец и поддржувач на пангерманизмот, заштитник на сеопштото селективно право и противник на пристапувањето кон Прусија на Алзас-Лорен.

По повод неговата смрт, Фридрих Енгелс напишал: „Еден од најзначајните луѓе во Германија. Тој беше за нас многу несигурен пријател во сегашноста, а за иднината прилично сигурен непријател.“ Откако се дознало за Ласаловите односи со Бизмарк, Карл Маркс го заострил својот суд за него со обвинението дека „Ласал навистина ја предаде партијата.“ Слично на тоа, и Енгелс напишал дека „целата Ласалова големина се темелеше на тоа што Маркс му дозволи со години да се кити со Марксовите истражувања како со сопствени и, покрај тоа уште да ги искриви... Социјалистот Ласал го следи во чекор демагогот Ласал.“[2]

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 182.
  2. „Регистар имена“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 187-188.