Фатмир Лимани
Фатмир Лимани (р. 14 јануари 1973 во Кичево) — македонски политичар кој моментално ја извршува фукнцијата министер за социјална политика, демографија и млади од редовите на Беса.
Фатмир Лимани | |
---|---|
Министер за социјална политика, демографија и млади | |
На должноста | |
Стапил 24 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Ѓоко Велкоски |
Наследник | моментален |
Лични податоци | |
Роден(а) | 14 јануари 1973 Кичево, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Албанец |
Партија | Беса |
Вероисповед | Ислам |
Животопис
уредиФатмир Лимани е истакнат политичар и професор по историја. Роден е на 14 јануари 1973 година. Лимани е Албанец по националност.
Лимани го завршил своето високо образование на Филозофскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што во 2004 година се здобива со титулата дипломиран професор по историја.
Неговата професионална кариера започнува во приватниот сектор, каде што од 2005 до 2007 година работи како управител на приватна компанија од областа на прометот со нафтени деривати. Во периодот од 2007 до 2010 година, пак, тој е претседател на граѓанската организација „НДРИШЕ“, каде што активно работи на унапредување на граѓанските права и социјалната правда.
Од 2007 до 2011 година, Лимани е член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво „МЕПСО“. Потоа, од 2011 до 2021 година, тој работи како заменик генерален директор и член на Управниот одбор на АД ЕСМ, каде што дава значаен придонес за развојот на енергетскиот сектор.
Во 2021 година, Лимани се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево, а од 2022 година, тој е потпретседател на политичкото движење БЕСА.
Во 2024 година, Лимани е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
Фатмир Лимани покрај албанскиот течно говори англиски и германски јазик.