Мартина (сопруга на Ираклиј I)

(Пренасочено од Мартина)

Мартина била византиска царица, внука и втора сопруга на царот Ираклиј I.

Мартина
Византиска царица
Полусиликва искована под Ираклиј на која се претставени неговиот син Константин (лево) и Мартина (десно)
Роден(а)6 век
Починал(а)по 641
Родос
СопружникИраклиј I
ДецаФабиј, Теодосиј,Ираклиј II, Давид, Августин, Анастасија, Фебронија
Полно име
Мартина
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоМартиниј
МајкаМарија

Мартина била ќерка на Марија и Мартиниј[1]. Мајката на Мартина пак била сестра на царот Ираклиј I. Марија и Ираклиј биле деца на Ираклиј Стариот и неговата сопруга Епифанија која е спомната во хрониката на Теофан Исповедник.

Царица

уреди

Според хрониката на Теофан, Мартина се омажила за вујко си Ираклиј наскоро по смртта на неговата прва сопруга Фабија Евдокија[2]. Теофан ја наведува годината на свадбата во 613 година, а според патријарх Никифор I Цариградски, Ираклиј и Мартина се жениле за време на војната со Аварите од 620 година.

Бракот на Мартина и Ираклиј сепак наидал на неодобрување од јавното мислење во Цариград и на црквата поради блиското роднинство меѓу двајцата. Сепак браковите меѓу вујко и внука биле легализирани уште од Теодосиевиот законик, па бракот бил целосно легален.

И покрај обидите да го убеди Ираклиј да ја остави својата внука, патријархот Сергеј I Цариградски го дозволил склучениот брак и ја крунисан Мартина откако таа била прогласена од Ираклиј за августа. Против бракот на Ираклиј и Мартина се изјасниле дури членови на царското семејство како Теодор, брат на царот и чичко на Мартина, кој не престанале да ја критикуваат нивната врска.

И покрај негативниот однос кон нивниот брак, Ираклиј и Мартина биле блиски еден со друг. Царицата останала со сопругот дури и во најтешките за него моменти, од кои еден бил походот против Сасинидите.

Семејство

уреди

Мартина и Ираклиј имале најмалку десет деца, од кои две страдале од попреченост, поради нивната роднинска врска. Познати се само имињата на:

  • Константин
  • Фабиј, кој бил парализиран
  • Теодосиј, кој бил глувонем
  • Ираклиј II
  • Давид
  • Августин
  • Анастасија
  • Фебронија

Регент

уреди

На смртна постела во 641 цар Ираклиј ја поделил власта меѓу двајцата синови Константин III Ираклиј (роден од неговиот прв брак со Фабија Евдокија) и Ираклиј II. Мартина била признаена како царица мајка и на двајцата. Царот починал на 11 февруари 641, што според патријарх Никифор претставувало казна поради бракот со Мартина.

Мартина по смртта на својот сопруг била прогласена за регент. Церемонијата се одржала на хиподромот во присуство на членови на Сенатот и други високи службеници. На церемонијата отсуствувале единствено Константин III и Ираклеон. Пред насобраната толпа, Мартина го прочитала тестаментот на Ираклиј и се прогласила за регент на врховната власт во империјата. Толпата сепак ги извикувала имињата на Константин и Ираклион, што било гест на неодобрување на активностите на царицата. Тоа ја принудило Мартина да се повлече во царската палата.

Односите меѓу Мартина и Константин III биле лоши, поради што откако тој починал четири месеци подоцна, најверојатно од туберкулоза, насекаде се сметало дека Мартина го отрула, за да обезбеди единствена власт за својот син Ираклион. Освен тоа наскоро по смртта на Константин III, Мартина започнала да ги прогонува сите негови приврзаници, со помош и поддршка на патријарх Пир I, еден од нејзините советници, кој водел политика на Монотелитство.

Активностите на царицата и гласините дека таа го отровила Константин станале причина народот и Сенатот да се свртат против неа и нејзиниот син. Ерменецот Валентин Арашакуни собирал војници во Мала Азија со кои успеал да го зазеде Халкедон, а плашливиот Ираклион го прогласил Констанс II Ираклиј за совладетел, кој бил син на Константин III. Но бунтовниците не застанале овде, па сенатот успеал да го детонизира Ираклиј II. По ова, носот и јазикот на Мартина и биле отсечени двајцата биле заточени на островот Родос.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
Претходник
Фабија Евдокија
Византиска царица
c. 613–641
Наследник
Грегорија