Увеитис
Увеитис е воспаление на увеата – васкуларната покривка на окото, која се наоѓа помеѓу ретината и белката на окото. Увеата се протега напред до ирисот (шареницата), хороидната покривка и цилијарното тело. Најчестиот тип на увеитис е воспаление на ирисот, наречен иритис (преден увеитис).
Увеитис | |
---|---|
Увеитис | |
Специјалност | Офталмологија |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Симптоми
уредиЗнаци и симптомите на увеитис вклучуваат:
Причини
уредиДо сега не е детерминирана специфична причина за увеитис. Сепак, кај некои луѓе тој е асоциран со:
- автоимуно заболување (ревматоиден артритис или анкилозантен спондилитис);
- инфламаторно заболување (Хронова болест или улцеративе колитис);
- инфекции (болест на мачкино гребење, херпес, сифилис, токсоплазмоза, туберкулоза);
- повреда на окото;
- одредени карциноми (лимфома).
Компликации
уредиАко не се лекува, увеитисот може да ги даде следниве компликации:
- висок интраокуларен притисок (глауком);
- оштетување на оптичкиот нерв;
- заматување на леќата (перде) или корнејата (рожницата);
- одлепување на ретината;
- губење на вид.
Лекување
уредиЛекувањето на увеитис може да вклучи:
- анти-инфламаторни лекови;
- антибиотици или антивирални лекови;
- имуносупресиви или цитотоксични лекови;
- операција – витректомија.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
- Увеитис - За Здарвје - Портал од областа на емдицината Архивирано на 24 април 2013 г.