Валиски јазик
(Пренасочено од Увеански јазик)
Викимедииниот Инкубатор испробува Википедија на валиски јазик |
Валиски или увеански јазик (валиски: Fakaʻuvea) е полинезиски јазик кој се зборува на островот Увеа (Валис) во Валис и Футуна. Јазикот е познат како источноувеански јазик за да се разликува од западноувеанскиот јазик. Јазикот е најмногу сроден со ренелскиот јазик.[1]
Валиски јазик | |
---|---|
Fakaʻuvea | |
Застапен во | Валис и Футуна |
Говорници | 29,800 (2000) |
Јазично семејство | австронезиско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | wls |
| |
Азбука
уредиПетте самогласки се: a, e, i, o, u, и сите овие имаат долга фома: ā, ē, ī, ō, ū.
Согласките се: f, g (се изговара /ŋ/), h, k, l, m, n, s (ретко, најчесто во странски зборови), t, v, '.
Зборовен фонд
уредиФонемска споредба | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
фонема | праполинезиски | тонгански | самноански | валиски | македонски | |||||
/ŋ/ | *taŋata | tangata | tagata | tagata | лице | |||||
/s/ | *sina | hina | sina | hina | сива | |||||
/ti/ | *tiale | siale | tiale | tiale | гарденија | |||||
/k/ | *waka | vaka | vaʻa | vaka | кану | |||||
/f/ | *fafine | fefine | fafine | fafine | жена | |||||
/ʔ/ | *matuqa | motuʻa | matua | matua | родител | |||||
/r/ | *rua | ua | lua | lua | два | |||||
/l/ | *tolu | tolu | tolu | tolu | три |
Наводи
уреди- ↑ Валиски јазик на Етнолог
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Француско-валиски речник Архивирано на 15 март 2012 г.
- Ethnologue за валискиот
Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |