Туфахија — вид многу сладок десерт, колач, по потекло од Персија. На Балканскиот Полуостров дошол со турските освојувачи. Туфахија означува слатко јадење од варени јаболка во шеќер, филувани со ореви.[1]

Туфахија
Туфахија
Дел од оброкотдесерт
Место на потеклоОтоманско Царство
РегионБалкан
Главни состојкијаболка, ореви, путер, павлака

Потекло на поимот

уреди
 
Туфахија

Туфахија, множина туфахии. Потекнува од турското tṹffahiye, од арапското (تفاح (tuffàh) - јаболка).[1]

Подготовка

уреди

Туфахии се подготвуваат така што се лупат јаболката, се чистат од семките и се варат во слатка вода со додаток на сок од лимон.[2]

Филот се прави од: путер, мелени ореви или бадеми, павлака, шеќер и шлаг-пена. Таквиот колач се украсува со вишна на врвот, а може да се додава и џем од кајсии или друго овошје.

Посебно се прави филот тако што се мати путер, белка и слатка павлака. Во изматената смеса се додаваат по желба мелени ореви, мелени бадеми и мелено кафе, додека сè не се изедначи.

Со филот се полнат јаболките и се пресипуваат со шеќерен сируп (шербет) и се украсуваат со шлаг. На врвот на секоја вака прелиена јаболка се става вишна или цреша.

Туфахиите се служат ладни.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Клајн, Иван; Шипка, Милан (2006). Велики речник страних речи и израза. Нови Сад: Прометеј. стр. 1279.
  2. „Традиционални балкански специјалитети“. balkanlunchbox. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 26 јануари 2018.

Надворешни врски

уреди