Туфахија
Туфахија — вид многу сладок десерт, колач, по потекло од Персија. На Балканскиот Полуостров дошол со турските освојувачи. Туфахија означува слатко јадење од варени јаболка во шеќер, филувани со ореви.[1]
Туфахија | |
Дел од оброкот | десерт |
---|---|
Место на потекло | Отоманско Царство |
Регион | Балкан |
Главни состојки | јаболка, ореви, путер, павлака |
Потекло на поимот
уредиТуфахија, множина туфахии. Потекнува од турското tṹffahiye, од арапското (تفاح (tuffàh) - јаболка).[1]
Подготовка
уредиТуфахии се подготвуваат така што се лупат јаболката, се чистат од семките и се варат во слатка вода со додаток на сок од лимон.[2]
Филот се прави од: путер, мелени ореви или бадеми, павлака, шеќер и шлаг-пена. Таквиот колач се украсува со вишна на врвот, а може да се додава и џем од кајсии или друго овошје.
Посебно се прави филот тако што се мати путер, белка и слатка павлака. Во изматената смеса се додаваат по желба мелени ореви, мелени бадеми и мелено кафе, додека сè не се изедначи.
Со филот се полнат јаболките и се пресипуваат со шеќерен сируп (шербет) и се украсуваат со шлаг. На врвот на секоја вака прелиена јаболка се става вишна или цреша.
Туфахиите се служат ладни.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Клајн, Иван; Шипка, Милан (2006). Велики речник страних речи и израза. Нови Сад: Прометеј. стр. 1279.
- ↑ „Традиционални балкански специјалитети“. balkanlunchbox. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 26 јануари 2018.
Надворешни врски
уреди„Туфахија“ на Ризницата ? |