Тумор на мочниот меур
Тумор на мочниот меур претставува заболување на мочниот меур.
Тумор на мочниот меур | |
---|---|
Карцином на преодни клетки на мочниот меур. Белото во мочниот меур е контрастот. | |
Специјалност | Онкологија, урологија |
Симптоми | Крв во урината, болки при уринирање[1] |
Вообичаена појава | на возраст од 65 до 84 години[2] Почесто се јавува кај мажите отколку кај жените.[2] |
Видови | Карцином на преодни ќелии, епидермоиден карцином, аденокарцином[1] |
Ризик-фактори | Пушење, семејна историја, претходна радиотерапија, чести инфекции на мочните патишта, некои хемикалии[1] |
Дијагностички метод | Цистоскопија со биопсија на ткиво[1] |
Лекување | Хирурушка интервенција, радиотерапија, хемотерапија, имунотерапија[1] |
Прогноза | Петгодишен степен на преживување ~77% (САД)[2] |
Честота | 549.000 нови случаи (2018)[3] |
Смртни случаи | 200.000 (2018)[3] |
Симптоми
уредиЕден од првите симптоми е крвава урина, без присуство на болка, а други симптоми може да бидат: почесто мокрење, тешкотии во мокрењето, болка во предниот дел на мочниот меур итн.
Дијагноза
уредиЗа рано откривање на болеста најчесто се применуваат следниве дијагностички постапки:
- интравенозна урографија,
- ЦТ-урографија,
- ултрасонографски преглед,
- цитолошки преглед на урината, и
- унинарни молекуларни маркер-тестови.
Најголемо значење има цитоскопијата со која се откриваат изгледот на туморот, неговата големина и положба, бројот на тумори итн.[4]
Хируршки и постхируршки третман
уредиТуморот на мочниот меур вообичаено се отстранува ендоскопски, а ако се работи за инфилтративен тумор, кој го зафатил и мускулот, тогаш се зема примерок од туморот и се носи на хистолошка верификација. Натамошниот третман зависи од резултатите од хистолошкиот наод. Ако станува збор за површински тумор на мочниот меур, може да се пристапи кон дополнителна интравезикална имунотерапија. Ако туморот е инфилтративен, тогаш се пристапува кон една од најсложените уролошки операции - целосно отстранување на мочниот меур (радикална цистектомија), при што, се прави отвор на предниот абдоминален ѕид преку кој се насочува исфрлањето на урината или пак се оформува нов мочен меур од одредени делови на тенкото црево. Ако се зафатени и лимфните жлезди се пристапува кон дополнителна хемотерапија, т.е. болниот се третира со цитостатици.[4]
Прогноза
уредиКај инвазивните карциноми на мочниот меур, стапката на петгодишното преживување изнесува 66%, а стапката на десегодишното преживување се движи од 43% до 60%. Доколку туморот метастазирал и ги зафатил лимфните жлезди, стапката на десегодишното преживување се намалува на 20-27%.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Bladder Cancer Treatment (PDQ®)–Patient Version - National Cancer Institute“. www.cancer.gov (англиски). 2020-05-11. Посетено на 2020-06-04.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Cancer of the Urinary Bladder - Cancer Stat Facts“. SEER (англиски). Посетено на 30 October 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „Bladder Cancer Factsheet“ (PDF). Global Cancer Observatory. Посетено на 8 November 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Даниел Петровски, “Тумор на мочниот меур”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 82.