Тринитротолуен

хемиско соединение

Тринитротолуен (ТНТ) е хемиско соединение со формула CH3C6(NO2)3CH3. Тоа е во цврста агрегатна форма, со жолта боја и е најдобро познато како експлозивен материјал со практични одлики за ракување. Експлозивната моќ на ТНТ се користи како стандардна мерка за силата на бомбите и на другите експлозиви.

Тринитротолуен
solid trinitrotoluene
Назнаки
118-96-7 Ок
Кратенки TNT
ChEMBL ChEMBL1236345 Н
ChemSpider 8073 Н
DrugBank DB01676 Ок
EC-број 204-289-6
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C16391 Н
PubChem 11763
RTECS-бр. XU0175000
UNII H43RF5TRM5 Ок
ОН-бр. 0209Dry or wetted with < 30% water
0388, 0389Mixtures with trinitrobenzene, hexanitrostilbene
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед Pale yellow solid. Loose "needles", flakes or prills before melt-casting. A solid block after being poured into a casing.
Густина 1.654 g/cм3
Точка на топење
Точка на вриење
0.13 g/L (20 °C)
Растворливост во ether, acetone, benzene, pyridine soluble
Парен притисок 0.0002 mmHg (20°C)[2]
Експлозивност
Осетливост на удар Insensitive
Осетливост на триење Insensitive to 353 N
РЕ фактор 1.00
Опасност
NFPA 704
2
4
4
Температура на запалување 167 °C (333 °F; 440 K)
Смртоносна доза или концентрација:
795 mg/kg (rat, oral)
660 (mouse, oral)[3]
500 mg/kg (rabbit, oral)
1850 mg/kg (cat, oral)[3]
NIOSH (здравствени граници во САД):
PEL (дозволива)
TWA 1.5 mg/м3 [skin][2]
REL (препорачана)
TWA 0.5 mg/м3 [skin][2]
IDLH (непосредна опасност)
500 mg/м3[2]
Безбедносен лист ICSC 0967
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Подготовка

уреди

ТНТ се синтетизира во процес од три чекори.[4] Прво толуенот се нитрира со мешавина на сулфурна киселина и азотна киселина и се добива мононитротолуол; потоа се повторува постапката уште двапати за да се добие ТНТ. Киселините што се употребуваат за нитрација се рециклираат и повторно се користат во производството.

Примени

уреди

ТНТ е еден од најчесто користените експлозиви за воени и индустриски намени. Ценет е бидејќи е многу инертен и отпорен на триење и температура, па затоа е безбеден за користење. Се топи на 80 °C, далеку под неговата точка на вриење од 295 °C, и затоа може да се топи и лие во калапи или меша со други експлозиви.

Експлозивни особини

уреди

По експлозијата, ТНТ се распаѓа на следниов начин:

2 C7H5N3O6 → 3 N2 + 5 H2O + 7 CO + 7 C

Реакцијата е егзотермна, но има висока енергија на активација. Поради продукцијата на јаглерод, експлозиите на ТНТ имаат чадлив изглед.

Историја

уреди

ТНТ првпат бил произведен во 1863. од Германскиот хемичар Јозеф Вилбранд[5] кој го корисtел како жолта боја. Неговиот потенцијал како експлозив не бил користен неколку години потоа бидејќи било многу тешко да се детонира. Германските вооружени сили го усвоиле како полнење за нивната артилерија во 1902. Британците ги следеле во 1907.

Токсичност

уреди

ТНТ е отровен и допирот со кожата може да предизвика иритација и промена на бојата на кожата во светложолто-портокалова. Луѓе кои се подолго време изложени на допир со ТНТ може да добијат анемија, пореметена функција на црниот дроб, зголемување на слезината и други крвни промени и пореметувања на имуниот систем. Постојат и докази дека ТНТ е штетен за машката плодност, а се смета и за можен канцероген.[6]

Некои воени полигони се контаминирани со ТНТ. Отпадните води од производните погони за муниција исто ги загадуваат водите и тие може да имаат црвеникава боја. Чистењето на контаминацијата со ТНТ е скапо и тешко.

Наводи

уреди
  1. 2,4,6-Trinitrotoluene. inchem.org
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Џебен водич за опасните хемиски материи #0641“. Национален институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). (англиски)
  3. 3,0 3,1 „2,4,6-Trinitrotoluene“. Immediately Dangerous to Life and Health. National Institute for Occupational Safety and Health (NIOSH).
  4. Army TM 9-1300-214, стр. 8-83
  5. J. Wilbrand (1863). „Notiz über Trinitrotoluol“. Annalen der Chemie und Pharmacie. 128 (2): 178–179. doi:10.1002/jlac.18631280206.
  6. „2,4,6-Trinitrotoluene“. Agency for Toxic Substances and Disease Registry. September 1996. Архивирано од изворникот на 2008-02-06. Посетено на 2008-02-02.

Надворешни врски

уреди