Трет феминистички бран
Трет феминистички бран е поим кој го утврдуваат неколку поинакви напори на феминистичката активност и движење, чиишто одредени граници се предмет на расправа во историографијата на феминизмот. Забележливо се истакнале во почетокот на деведесеттите, и сè уште постојат. Ова движење делумно произлегло како реакција на согледаните неуспеси од иницијативите и дејностите кои ги преземал вториот феминистички бран и реакција против истите, како и признавање на правата на жените од сите раси, етнички групи, националности и културното потекло, во текот на шеесеттите, седумдесеттите, и осумдесеттите години. Ребека Вокер, во тоа време, 23 годишна бисексуалка со афроамериканско потекло родена во Џексон, Мисисипи, во својот есеј во 1992 г. го образложила поимот „трет феминистички бран“. Од историска гледна точка, Вокер се смета за жив симбол заради неуспехот на вториот феминистички бран да ги обедини многуте млади жени, лезбејки, како и оние жени кои не припаѓаат на белата раса.[2]
Цел
уредиТретиот феминистички бран настојува да ги оспори или избегне оние објаснувања за феминизмот кои се сметаа за суштински во вториот феминистички бран, и често заземаа општ женски идентитет, пренагласувајќи ги личните искуства на белите жени од високата и средна класа. Промената по вториот феминистички бран дојде заедно со многуте правни и институциски права со кои се здобија жените. Како дополнување на овие институциски придобивки, претставниците на третиот феминистички бран сметаа дека треба да се променат стереотипите за жените, како медиумите ги прикажуваат жените, и со кои зборови ги опишуваат жените. Според тоа, идеологијата на третиот феминистички бран се фокусира на пост структуралистичко сфаќање за род и половост. Во своето дело „Деконструкција на еднаквоста наспроти разликата, или употребата на пост структуралистичка теорија за феминизмотˮ, Џон.В.Скот опишува како јазикот се користи како средство за разбирање на светот, бидејќи „Пост структуралистите тврдат дека зборовите и текстовите немаат постојано или својствено значење, дека нема јасен или очигледен однос помеѓу нив и други идеи или нешта, без основно или максимално совпаѓање помеѓу јазикот и светот”. Според тоа, со помош на јазикот се создаде двополовост (како што е маж/жена), за која пост-структуралистите сметаа дека се вештачки творби, создадени да ја задржат моќта на доминантните групи.
Елементи
уредиТретиот феминистички бран најчесто вклучува елементи од теорија за лезбејките, анти-расизам и сознанието за жените од повеќе раси, женственоста, моќта на жената, пост-колонијалната теорија, постмодернизам, интернационализам, сајберфеминизам, екофеминизам, индивидуалистички феминизам, нова теорија за феминизмот, трансполов правец и отфрлање на двополовоста. Исто така позитивизам на полот се смета како дел од третиот феминистички бран, и означува величење на половоста како позитивно гледиште на животот, со поопширни објаснувања за значењето на полот и тоа како обесправеноста и еманципирањето можат да се вмешат во суштината на полот. На пример, многу претставници на третиот феминистички бран го преиспитаа противењето кон порнографијата и сексуалниот чин, на вториот феминистички бран и ги оспорија постоечките верувања дека учесниците во порнографијата и сексуалниот чин се секогаш експлоатирани.
Новите генерации и феминизмот
уредиПретставничка на третиот феминистички бран Ел Грин, често се фокусира на „микро политикаˮ и го оспорува моделот на вториот феминистички бран и дали е тој добар за жените или не. Застапници на третиот феминистички бран тврдат дека нивниот модел им овозможува на жените самите да го дефинираат феминизмот преку вметнување на нивните мислења во системот на верувања за тоа што е феминизам и каков може да биде според нечија гледна точка. Како вовед во замислата за третиот феминистички бран, во делото „Manifestaˮ авторите Џенифер Баумгарднер и Ејми Ричардс сметаат дека феминизмот може да се менува со секоја генерација и поединец: „Денешниот факт е дека феминизмот повеќе не е ограничен во области каде што очекуваме да биде.Денешните жени се госпоѓи, членови на женски здруженија и конгресменки во црвени костуми, можеби ова значи дека денешните млади жени навистина го ожнееја она што феминизмот го посади. Пораснати со Насловите „Title IX” и „William wants a doll”, младите жени излегоа од колеџ, средно училиште, нивната прва работа или две години од брак и почнаа да ги оспоруваат некои од добиените сознанија за феминизмот пред десет или дваесет години. „Ние не постапуваме онака како што претставниците на феминизмот во седумдесеттите години постапувале. Да се биде слободен не значи да се копира секакво поранешно сознание, туку да се пронајде еден единствен метод, начин кој е автентичен за една генерација”. Некои претставнички на третиот феминистички бран претпочитаат да не се нарекуваат феминистки, бидејќи зборот феминизам може да биде погрешно сфатен како нечуствителни кон неконстантниот поим за родот и можните обесправувања својствени за сите родови улоги, или можеби погрешно сфатени како ексклузивни и елитистички од страна на критичарите. Другите го зачувале и одново го дефинирале поимот за да ги вклучува овие идеи. Претставниците на третиот феминистички бран настојуваат да ја оспорат секоја општа дефиниција за феминизмот. Ребека Вокер, основач и водач на фондацијата на третиот бран, во воведот на делото „Да бидеме реални, да се каже вистината и да се смени изразот на феминизмотˮ, пишува: „Без разлика дали девојките кои се противат на ознаката на феминизмот се свесни или не, но на некој начин тие знаат дека идеалната жена, родена со тогашните замисли за како изгледаат, дејствуваат и размислуваат еманципираните жени, е само друга невозможна замисла за совршен женски свет, друга напишана улога одиграна во името на биологијата и доблестаˮ.
Предизвици
уредиТретиот феминистички бран се занимава со прашања кои ги ограничуваат или измачуваат жените и другите маргинални личности. Активизам за подигање на свестта е „колективна критичка реконструкција на значењето на социјалното искуство кое го преживуваат жените”. Џенифер Бомгарднер и Ејми Ричардс во своето дело „Манифест: Младите жени, феминизмот и иднинатаˮ, истакнале: „Свесноста која постои помеѓу жените ја донесе оваа промена, а свесност е она што на сите нам ни треба, да се има на ум дека машката доминантност има влијание врз денешните жени. Присуството на феминизмот во нашите животи не се цени доволно. Нашата генерација гледа на феминизмот како флуроид, кој сè помалку е присутен во нашите животи. Едноставно тоа ни е во гените.
Феминистичките стручњаци како Шира Тарант, се противат на замислата на овој бран, бидејќи игнорира важен напредок меѓу таканаречените бранови. Освен тоа, ако феминизмот е светско движење, фактот дека временските периоди на првиот, вториот и третиот бран, кои во најголема мера се совпаѓат со Американските феминистички движења, е причина за сериозни проблеми за тоа како феминизмот ја сфаќа историјата на политичките проблеми низ светот. Веројатно најголемиот предизвик на третиот феминистички бран, е падот на поддршката од народот за важноста и релевантноста на феминизмот во она што некои го нарекуваат ера на пост-феминизам. Манон Трембли вели дека ова се должи на „потајно анти-феминистичко движењеˮ од Западот. Од тука произлегува и загриженоста на Ејми Фридман за „радикален фанатизамˮ на третиот феминистички бран. Во суштина се наведува дека родовата еднаквост е веќе постигната преку првиот и вториот бран, и нерелевантни и непотребни се понатамошни обиди за зголемување на правата на жените, или се оди од една во друга крајност давајќи им надмоќ на жените пред мажите, пренагласувајќи ја состојбата на жените во модерното западно општество. Навистина ваквото прашање јавно се истакнува во жестоките дебати околу тоа дали иницијативите за давање предност на малцинските групи навистина создаваат општествена полова еднаквост, или ги омаловажуваат и казнуваат белите мажи од средната класа, за биолошка историја која што само ја наследиле. Како реакција на таквите мислења, можеме да трагаме кон многу претходно самопрогласени феминистки кои преминале во самопрогласени пост-феминистки, кои трврдат дека аспектите на феминизмот кој постои денес не се усогласуваат со реалната слика за успешноста на придобивките на жените.
Познатите медиуми одиграа важна улога во истакнување на ваквата слика на бурни, екстремни и ексцентрични феминистки. Дона ЛаФромбоаз го обвинува третиот феминистички бран за „овековечување на митот за страдањата на жените, чие изјавување беше дека феминистките намерно ги изјавувале таквите измислици за да го обезбедат својот опстанок, и се разликува помеѓу „феминизам кој ги соопштува мислењата на поединецот и феминизам кој диктира како еден поединец треба да размислуваˮ. Целта на таквите испади донекаде се и фамозните екстремистички феминистки како што се: Кетрин МекКинон, Андреја Дворкин, итн, со што може да се потврди дека таквата критика всушност не е упатена на третиот феминистички бран како целина, туку е еден заклучок врз основа на ограничен пример.
Историја
уредиТретиот феминистички бран се појави во раните деведесетти, како реакција на утврдените неуспеси на вториот феминистички бран, и иницијативите и дејностите кои произлегоа од вториот феминистички бран. Сепак, основните права и програми кои ги стекнаа феминистички активистки на вториот бран, вклучуваат згрижување на жените и децата жртви на семејно насилство, пристап до контрацептивни и други репродуктивни услуги (вклучувајќи и легализација на абортус), создавање и спроведување на политики против сексуална злоупотреба на жените на работното место, услуги за детски установи, финансирање на еднакво или повисоко образование на младите жени, програмски студии за жените и многу повеќе програми, кои служеа како основно средство на претставниците на третиот феминистички бран. Феминистичките водачи кои се претставнички на вториот феминистички бран како Глориа Анзалдуа, Кери Ан Кејн, Шери Морага, Одре Лорд, Мексин Хонг Кингстон, Рина Вокер и многу други феминистки од сите раси, се обидоа да се спогодат за важноста на темите поврзани со слободата и расата. Во 1981, Шери Морага и Глориа Е. Анзалдуа ја објавија антологијата насловена „Мостот ме вика назадˮ во која го критикуваат вториот феминистички бран, давајќи акцент на проблемите и политичката положба на жените.
Почетоците на третиот феминистички бран датираат уште од средината на осумдесеттите години. Феминистичките водачи, кои беа претставнички на вториот феминистички бран побараа нова субјективност во феминистичкото мислење. Тие се обидоа да преговараат за истакнатото место на феминистките и важноста на субјективните мислења кои се однесуваат на расата. Ова потенцирање на пресекот помеѓу раса и пол, остана како важно прашање за време на сослушувањата на Хил-Томас.
Здружението „Riot Grrrlˮ за првпат се појави во Олимпија, Вашингтон, во 1990 година. Неговата цел беше да им овозможи на жените слобода на мислење и уметничко изразување. Од неговата поврзаност со социјалниот и политичкиот свет може да се забележат почетоците на третиот феминистички бран. Напишаните натписи во списанијата и музиката се добар пример за активна културна политика, со влијателни жени кои даваат мислења за важни социјални прашањаˮ. Ова здружение ги охрабри и ги стави на прво место ставовите на адолесцентките, притоа овозможувајќи им целосна слобода на изразување. Вниманието на „Riot Grrrlˮ насочено кон општиот женски личност и сепаратизам се чини дека е потесно поврзан со вториот феминистички бран, отколку со третиот. Музичките бенедови претставници на здружението „Riot Grrrlˮ биле : „Bikini Killˮ, „Bratmobile”, „Excuse 17ˮ, „Jack Off Jillˮ, „Free Kitten”, „Heavens to Betsyˮ, „Huggy Bear”, „Fifth Columnˮ and „Team Dreschˮ. Тие опфаќале теми како што се силување, семејно насилство и еманципација на жените. Како дополнување на музичката дејност, „Riot Grrrl” исто така претставува и супкултура која опфаќа списанија, уметност, политички акции, и активизам. Тие одржувaат состаноци, претседаваат заседанија, и ги поддржуваат и организираат жените на музички план. Ова здружение користи нагласено двојно или тројно „рˮ, ставајќи го зборот „grrrl” како соодветен поим за потценување.
Во 1991, Анита Хил го обвини Кларенс Томас, маж кој бил осомничен од страна на Врховниот суд на САД, за сексуална злоупотреба. После долгата расправа, Томас ги негираше обвинувањата и сенатот во САД гласаше 52-48 гласа во корист на Томас. Како реакција на овој случај, Ребека Вокер објави статија под наслов „Како станав припадник на третиот бран” во која изјави: „Не сум претставник на пост-феминизмот, туку сум претставник на третиот феминистички бранˮ. 1992 беше „Година на женитеˮ, во која четири жени се приклучија на оние две постоечки во сенатот на САД. Веќе следната година бројот на жените во сенатот се покачи на седум, со доделувањето на значајно признание на Кеј Бејли Хатчисон.
Во 1990 година беше избрана првата жена јавен обвинител и државен секретар на САД, како и втората дама на врховниот суд, и првата дама на САД која извршува независна политичка, правна, извршна, активистичка и државна должност. Сепак, Амандманот за еднакви права предложен од страна на вториот и третиот феминистички бран, е во фаза на прифаќање.
Во поново време, претставниците на третиот феминистички бран го користат Интернетот и модерната технологија како помошни средства за подобрување на своето движење, со цел привлекување на вниманието на пошироката јавност. Олеснатото објавување на електронски списанија и блогови станаа сеприсутни со помош на Интернетот. Многу независни писатели и организации, сфатија дека Интернетот нуди еден форум за размена на информации и лесно објавување на есеи и видеа со кои ќе го привлечат вниманието на повеќе читатели. Интернетот целосно ја демократизираше содржината на феминистичкото движење во однос на припадниците, естетиката и важните прашања.
Важни прашања
уредиПолово насилство
уредиПоловото насилство стана клучно прашање за припадниците на третиот феминистички бран. Се формираа бројни организации како што е „Day-V” со цел спречување на половото насилство, и уметничките творби како „Вагинални Монолозиˮ кои ја подигнаа свеста и функционирањето на темите кои се однесуваат на женската сексуалност. Третиот феминистички бран сака да ги трансформира традиционалните мислења за сексуалноста и да опфати „истражување на женските мислења за сексуалност со давање акцент на теми за вагината кои се поинакви од темите за оргазам, раѓање и силување.
Права на репродуктивност
уредиЕдна од примарните грижи на феминизмот се правата на репродуктивност, како што се контрацепција и абортус. Бомгарднер и Ричардс сметаат дека феминизмот нема за цел да управува со плодноста на жената, туку да и овозможи слобода на одлучување. Многу феминистки сметаат дека обидот на Јужна Дакота во 2006 да го забрани абортусот во сите случаи, освен кога е неопходно, за да го заштити животот на мајката и неодамнешното гласање на Врховниот суд на САД за потврда на забраната за абортус при непотполна бременост, се ограничувања на граѓанските и репродуктивните права на жената. Рестрикции на одлуката на Врховниот суд „Roe v. Wade” во 1973 за легализација на абортусот во САД стануваат почести во државите низ земјата. Ваквите рестрикции вклучуваат задолжителни периоди на чекање, закони за родителска согласност и закони за согласност на брачниот другар.
Обраќање со навредливи зборови
уредиАнгличаните постојано користат зборови како: стара мома, кучка, ороспија, и девојка за придружба, кои служат за навредливо обраќање кон жените. Претставниците на третиот феминистички бран сметаат дека е подобро да се смени конотацијата на еротски збор отколку да се цензурира во говор. Иницијативата да се отфрли зборот кучка беше поткрепен со нумерата „Сите жени се кучки” од женскиот бенд „Fifth Column” и книгата „Кучка, величење на проблематичните жениˮ на Елизабет Вуртзел во 1999.
За успешно декларирање на зборот кучка, Вуртзел ја воведува својата филозофија која гласи : „ Ќе викам, ќе се дерам, ќе беснувам, ќе го изтурам својот гнев пред „Bloomingdale'sˮ доколку сум глевна и ќе споделувам интимни детали за мојот живот со непознати. Ќе правам што сакам и ќе бидам со кој сакам и нема да давам образложение никому, едноставно тоа е мојата филозофија за кучка”.
Обесчестување
уредиОд 2011, полезноста на стратегијата за тужба беше главна тема на разговор меѓу претставниците на третиот феминистички бран, со појавата на проститутките. Првата ваков марш на девојки за придружба се појави на 3 Април, 2011 година во Торонто, како реакција на изјавата на полицаецот во Торонто Мајкл Сангинети дека „ жените не треба да се облекуваат како проститутки ако не сакаат да бидат омаловажувани”. Веднаш по оваа изјава се појавија маршеви на проститутки низ градовите во светот, со демонстрации за значењето на зборот проститутка и фактот дека доколку омаловажуваните жени се сметаат за проститутки, тогаш секоја жена е проститутка ако се суди според начинот на облекување. Проститутките ги има во поголемите градови ширум светот, вклучувајќи ги Њујорк, Берлин, Сиетл, Западен Холивуд и Лондон. Блогерите на третиот феминистички бран ги поддржуваат но воедно и ја критикуваат оваа појава на проститутки, со приговор за зборот проститутка за можното одлабочување на некои културни групи.
Други прашања
уредиКлучни проблеми со кои се соочуваат претставниците на третиот феминистички бран се поврзани со раса, социјалната класа и половост. Но, постојат и такви проблеми кои се однесуваат за работното место како што се: системот на рестрикции кој им забранува на жените добивање на подобри работни места, сексуална злоупотреба, незаконски политики за породилно отсуство, мајчинство т.е. финансиска поддршка на самохрани мајки и детска нега, како и почит спрема мајките кои се во работен однос и мајките кои одлучиле да ги напуштат работните места за целосно да се посветат на своите деца.
Појавата на третиот феминистички бран често ја поврзуваат со појавата на таканаречените „lipstick” или „girlyˮ феминизми и појавата на „полова култураˮ. Тоа се должи на залагањата на овие нови феминистички движења за „истакнување на женственоста и женската сексипилност како предизвик на објективизмотˮ. Според тоа, ваквите движења вклучуваат ослободување од какво било ограничување, без разлика дали се работи за патријархална личност или феминистка, секоја жена има право да го дефинира и да управува со нејзиниот живот, стил на облекување или слободно изразување. Ваквите нови ставови се најдоа во остар конфликт со напорите на феминизмот за анти-порнографија, кои се појавија во осумдесеттите. Овие нови феминистички движења тврдат дека можноста да се донесуваат самостојни избори и самоизразување може да бидат и засилен чин на отпор, не само усвоено угнетување. Сепак, ваквите ставови беа критикувани поради субјективната природа на еманципацијата и автономијата. Стручњаците имаат дилеми околу тоа дали еманципацијата најдобро се истакнува како „внатрешно чувство на моќ и делувањеˮ или како „надворешен размер на сила и моќ”. Покрај тоа, тие го критикуваат преголемото вложување во „модел на слободна волја и изборˮ на однос на идеи и идентичности. И покрај тоа, овие „girly” феминистки се обидоа да бидат отворени за сите различни луѓе преку одржување на дијалог за значењето на еднаквоста и феминизмот во современиот свет. Ваквите ставови не треба да бидат ограничени заради епитетот „girlyˮ феминизам или да мислиме дека се залагаат за „полова култура”. Напротив, овие феминистки бараат да бидат вклучени во многуте разновидни улоги и релации кои ги имаат жените.
Стручњаците за род, Линда Дуитс и Лизбет Зонен го потенцираат ова вклучување укажувајќи на политизирањето на стилот на облекување на жените и контроверзните парчиња облека на девојките и жените кои се именувани во јавноста како „жариште за задолжителна регулативаˮ. Така и шамијата „хиџаб” и „маичката со голо стомачеˮ, како стил на облекување, се исто така утврдени со посебна регулатива, но поради различни причини. Овие две женски парчиња облека кои предизвикаа голема контроверзност, се мислеше дека се во спротивност со самоизразувањето. Но, ваквите феминистки гледаат на тоа како симбол на политичко делување и отпор кон објективизацијата. Шамијата „хиџабˮ може да се смета како отпор против неодредените ставови на Западот за исламските особености, додека „маичката со голо стомаче” може да се смета како отпор кон ограничените гледишта на патријархалното општество за женскиот сексипил. И двете форми на облекување се сметаат како прифатливи форми на самоизразување.
На Меѓународен план
уредиЛејли Милер- Муро била основач на центарот за правда „Тахири”, во 1997 година, по добро познатиот случај на азил на студентка, со отстранети гениталии, чиишто адвокат била токму Муро. Подоцна беше и соавтор на книга напишана од клиентката на која и помогна во целиот случај, и со нејзини средства го финансираше отпочнувањето на центарот, кој го доби името по девојката Тахири. Од 2012 година, организацијата помогнала на повеќе од 13 000 жени и деца, жртви на секакво насилство. Организацијата има значајна улога во донесувањето на Меѓународната одредба за уредување на брачен посредник (МОУБП), потпишана од претседателот Буш во 2006, заедно со одредбата против насилство над жените. МОУБП им дава на жените од странство важни информации за потенцијални Американски мажи.
Времеплов на третиот феминистички бран:
уредиОд 1990 па натаму:
уреди• Движењето „Riot Grrrl” се појави во Олимпија, Вашингтон, во раните деведесетти, чија цел беше да им овозможи на жените право на сопствено мислење и уметничко изразување.
•1991: Како реакција на случајот на сексуална злоупотреба на Анита Хил, Американката Ребека Вокер објави статија во едно списание, насловена „Како станав шретставничка на третиот бранˮ, во која истакнува: „Јас не сум претставничка на пост-феминизмот, јас сум претставничка на третиот феминистички бран”.
•1991: Во случајот со работниците во автомобилската индустрија „Johnson Controlsˮ, Врховниот суд на САД донесе закон за работодавците во индустрии каде што има голема изложеност на токсични супстанции, не смеат да имаат вработено бремени жени, бидејќи ваквата изложеност може да му наштети на фетусот.
•1991: Отпочна кампањата 2000 можности. Тоа беше кампања на Обединетото Кралство со цел зголемување на квалитетот и квантитетот на можностите за вработување на жените.
•1991: Американскиот Сенат убедливо гласаше за отворање на воени работни позиции за жените- авијатичарки.
•1991: Американската феминистка Сузан Фалуди го објави делото „Реакција”, по реакциите кои се појавија против феминизмот во осумдесеттите.
•1992: Беше „Година на женитеˮ. Уште четири жени се приклучија на постојните две во Сенатот на САД.
•1992: Американските феминистки Ребека Вокер и Шенон Лис, основаа здружение за директно дејствување на третиот феминистички бран, за поддршка на млади активистки од повеќе раси и култури. Почетната цел на здружението беше да се пополни празнината во раководството на младите жени, и да се ангажираат младите луѓе да бидат повеќе инволвирани во политичкиот и социјалниот живот во нивните општини.
•1993: Џенет Рено беше избрана за првата жена јавен обвинител на САД, по двете првични избранички на Бил Клинтон, Зои Беард и Кимба Вуд, за кои беше откриено дека биле илегални имигрантки кои работеле како дадилки.
•1994: Женскиот Канадски бенд „Fifth Column” и нивниот сингл „Сите жени се кучкиˮ, ги натераа жените да го не го употребуваат зборот кучка во секојдневниот говор.
•1995: Се одржа четвртата светска женска конференција, во Кина.
•1996: Се одржа првата премиера на претставата „Вагинални монолози”, дело на Американска драмска писателка Ив Енслер.
•1997: Лејли Милер Муро го основа центарот за правда „Тахириˮ во САД, по добро познатиот случај на азил на студентка со отстранети гениталии, чиишто адвокат беше токму Муро.
•1998: Ева Енслер и Вила Шалит, режисерка на претставата „Вагинални монолози”, го основаа здружението „Day-Vˮ кое е светско, непрофитабилно здружение кое собра повеќе од 75.000 Американски долари за финансирање на групите за спречување на насилството врз жените.
•1999: Беше објавена книгата „Кучка, величење на проблематичните жениˮ, дело на Елизабет Вуртзел. За успешно декларирање на зборот кучка, Вуртзел ја воведува својата филозофија која гласи: „ Ќе викам, ќе се дерам, ќе беснувам, ќе го изтурам својот гнев пред „Bloomingdale'sˮ ако сум глевна и ќе споделувам интимни детали за мојот живот со непознати. Ќе правам што сакам и ќе бидам со кој сакам и нема да давам образложение никому, едноставно тоа е мојата филозофија за кучка”.
Од 2000 па натаму:
уреди•2000: Телевизиската и радио мрежа „CBS” плати 8 милиони Американски долари за спогодба на тужба за полова дискриминација во име на 200 жени.
•2004: Во Вашингтон се одржа марш за животот на жените, и промовирање на правото на абортус, право на контрацепција, научна сексуална едукација, како и превенција и лечење на сексуално преносливи болести, и изразување на јавна поддршка на мајките и децата.
•2007: Во 2006, во Обединетото Кралство, стапи во сила Законот за родова еднавост, со залагање на јавните тела за еднакви можности, со ставање особен акцент на родовата еднаквост. Должноста на секое јавно тело е да обезбеди план за родова еднаквост, кој ќе се ревидира секои три години. Исто така, треба да се направи годишен извештај за акциите кои биле преземени за да се постигнат целите наведени во планот за рамноправност.
•2008: Мајкл, сопругот на Дијана Бижон, го зема презимето на својата жена по стапување во брак, нивната тужба покрената против властите во Нова Калифорнија, беше пресудна за донесување закон кој ќе обезбеди еднакви права на избор чие презиме ќе го користат партнерите за свое лично презиме, и за венчаните парови и за регистрираните партнери. Од 2010 па натаму:
•2011: Првиот марш на девојки за придружба се појави на 3 Април, 2011 година во Торонто, како реакција на изјавата на полицаецот од Торонто, Мајкл Сангинети дека „ жените не треба да се облекуваат како проститутки ако не сакаат да бидат омаловажувани”. Веднаш по оваа изјава се појавија маршеви на проститутки низ градовите во светот, со демонстрации за значењето на зборот проститутка и фактот дека доколку омаловажуваните жени се сметаат за проститутки, тогаш секоја жена може да биде проститутка ако се суди според начинот на облекување.
•2013: Првата жена која покрена тужба против половата дискриминација во Кина, беше 23 годишна девојка од Кина со псевдоним Јао Ју. По решавање на случајот и беше исплатена мала сума од 30.000 јуани и јавно извинување од Академијата „Јуренˮ.
Критики
уредиЕдна прашање покренато од страна на критичарите е недостатокот на една единствена причина за појавата на третиот феминистички бран. Првиот феминистички бран се избори за жените да добијат право на глас, а истото и го постигна. Вториот феминистички бран се бореше за жените да имаат пристап и еднакви можности на работно место, како и крај на правната полова дискриминација. Некои тврдат дека третиот феминистички бран нема утврдена цел, и го сметаат како продолжена верзија на вториот феминистички бран. Третиот феминистички бран нема одредена определба по која се разликува од вториот феминистички бран. Некои пак тврдат дека третиот бран може да биде наречен „Продолжение на вториот феминистички бранˮ, кога станува збор за политика на феминизмот и слоганот „само младата феминистичка култура може да се сметаат за претставнички на третиот бранˮ. Ејми Ричардс ја дефинираше феминистичката култура на оваа генерација како „генерација на третиот феминистички бран кои израснале со феминизмотˮ. Феминистките од вториот бран израснаа во време кога политиката се замеша во културата со „Кенеди, Виетнамската војна, граѓанските права и правата на жената”, додека третиот бран произлезе од културата на „панк-рок, хип-хоп, електронски списанија, производи, заштита на правата на потрошувачите и Интернетот”.
Дајен Елам во својот есеј насловен „Генерации, Академски феминистки во дијалогˮ, посочува:
„Овој проблем се манифестира тогаш кога постарите феминистки им наложуваат на помладите феминистки да бидат добри ќерки, и да го поддржуваат феминизмот за кој се залагале нивните мајки. Прашања и критики се дозволени, само доколку произлегуваат од одобрениот вид на феминизам. Ќерките немаат право да воведуваат нови ставови и самите тие да донесуваат одлуки за феминизмот. Политиката на феминизмот треба да функционира онака како што отсекогаш функционирала.
Ребека Вокер во своето дело „Да бидеме реалниˮ, пишува за нејзиниот страв да не биде отуѓена од својата мајка (писателката Алис Вокер) и нејзината баба (Глорија Стајнем), оспорувајќи ги нивните ставови:
„Младите феминистки го контролираат своето изразување и ги усогласуваат своите дела со цел да не ги вознемират нивните мајки кои се поискусни феминистки. Постои одредено растојание помеѓу феминистките кои се залагаат за вториот бран и оние кои се залагаат за третиот бран. Иако критериумите за возраст за феминистките од вториот и од третиот бран се нејасни, помладите феминистки навистина тешко се докажуваат како влијателни феминистички стручњаци и активистки.