Азил (од грчки ἄσυλον [Асилон - азилон] - „засолниште“) е обичај да се обезбеди заштита на лица прогонети од политички причини. На државно ниво, тоа е регулирано со закони кои им овозможуваат на луѓето да останат во земјата во која пребегнале, без да бидат присилени да се вратат во својата земја.

Правото на азил е едно од основните човекови права, според Универзалната декларација за човекови права од 1948 година. Секој има право да бара азил, освен криминалци и лица кои ги прекршиле принципите на Повелбата на Обединетите нации.

Државите не се должни да дадат азил, туку тоа се прави на доброволна основа. Некои држави дозволуваат ова право да се бара во дипломатските претставништа и мисии.

Кон крајот на дваесеттиот век, азилот започна да им се дава на луѓето кои можат да докажат основан страв од политички мотивиран прогон во нивната татковина.