Трегје
Трегје (француски: Tréguier , бретонски: Landreger) – пристаништен град во департманот Арморски Брегови во Бретања на северозапад на Франција. Тој е главен град на провинцијата Трегор.
Трегје Tréguier Landreger | ||
---|---|---|
општина | ||
Влезот во стариот град | ||
Земја | Франција | |
Регион | Бретања | |
Департман | Арморски Брег | |
Округ | Лањон | |
Кантон | Трегје | |
Управа | ||
• Градоначалник (2014–2020) | Гирек Аран | |
Површина1 | 1,52 км2 (0,59 ми2) | |
Население (2013)2 | 2.489 | |
• Густина | 1,600/км2 (4,200/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 22362 / 22220 | |
Надм. висина | 0 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Географија
уредиТрегје се наоѓа на 58 км северозападно од Сен-Брие. Пристаништето се наоѓа на околу 8,5 км од Ламанш на местото каде што Жоди и Генди ја формираат реката Трегје.
Историја
уредиТрегје (Trecorum), кој датира од шестиот век, бил подигнат околу манастирот подигнат од свети Тидвал (починат околу 564 година). Во IX век станал бискупско седиште, кое било укинато на 12 јули 1790 година.
Морнарицата на САД на 1 ноември 1918 година воспоставиле поморска воздухопловна база, која била укината со првиот прекин на огнот во Компиењ.[1]
Бретонски јазик
уредиВо 2008 година, 11,78% од основошколците посетувале двојазично училиште.[2]
Личности
уредиВо Трегје биле родени:
- Ернест Ренан (1823–1892), критичар
- Жозеф Савина (1901–1983), дизајнер и вајар, живеел и работел тука.
Галерија
уреди-
Музеј на родната куќа на Ренан
-
Клоатр (покриена аркада) во катедралата Св. Тигдуал
-
Катедралата Сен Тигдуал
Наводи
уреди- ↑ Van Wyen, Adrian O. (1969). Naval Aviation in World War I. Washington, D.C.: Chief of Naval Operations. стр. 88.
- ↑ (француски) Ofis ar Brezhoneg: Enseignement bilingue
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 27 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 238. Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
уреди„Трегје“ на Ризницата ? |
- Tourism office website (француски)
- Town council website (француски)
- Pictures of Tréguier Cathedral: [1], [2], [3] Архивирано на 23 септември 2004 г., [4]
- French Ministry of Culture list for Tréguier (француски)