Лањон
Лањон (француски: Lannion бретонски: Lannuon) – француска општина во департманот Арморски Брегови во Бретања во северозападна Франција. Во 2008 година градот имал население од 19.733 жители.
Лањон Lannion | |
---|---|
Местоположба во регионот Бретања [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist|270px|Лањон во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Bretagne" does not exist]]
Лањон | |
Координати: 48°44′00″N 3°27′15″W / 48.7333° СГШ; 3.4542° ЗГД | |
Земја | Франција |
Регион | Бретања |
Департман | Арморски Брег |
Округ | Лањон |
Кантон | Лањон |
Управа | |
• Градоначалник (2014–2020) | Кристијан Марке |
Површина1 | 43,91 км2 (16,95 ми2) |
Население (2008)2 | 19.733 |
• Густина | 450/км2 (1,200/ми2) |
INSEE/Пошт. бр. | 22113 / 22300 |
Надм. висина | 0 м ) |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Географија
уредиЛањон е град-мост над реката Легер. Близината на устието на реката Легер доведува до промена на нивото на реката од неколку метри во центарот на градот во зависност од плимата и осеката.
Историја
уредиИмето на Лањон потекнува од бретонскиот „Lann Huon“, на македонски „Земја на Хуон“. Навистина најголемиот дел од подрачјето му припаѓало на лордот Хуон. Стариот кварт на Лањон привлекува многу туристи. Истиот содржи плоштади, црквата Брелевене, стари куќи и фрески.
Бретонски јазик
уредиВо 2006 година општината донела план за промоција на бретонскиот јазик. Во 2008 година 12% од децата во примарните училишта посетувале двојазична настава.
Стопанство
уредиЛањон е голем телекомуникациски истражувачки центар во Франција со повеќе компании, како Алкател-Лусент, Оранж и Сажемком, кои работат тука. Присуството на телекомуникациска индустрија во подрачјето довела образовни институции од областа.
Сообраќај
уредиЛањон има силни сообраќајни врски. Постои аеродром за внатрешен сообраќај со што Париз е на само еден час. Железничката станица обезбедува врски со возови со големи брзини (TGV, train à grande vitesse) до Брест, Сен Бриек, Рен и Париз.
Родени во Лањон
уреди- Кристоф ле Мевел — велосипедист
- Жоан Ле Бон — велосипедист