Трајко Никушев
Трајко Никушев ( 1925 во Скопје — 3 мај 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од cиpомaшно семејство. Завршил само основно училиште. Немал материјални можности да го продолжи образованието, па затоа станал општ работник. На 15 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби на територијата на Македонија. Се борел против балистите на падините на Китка и покрај Треска, а учествувал и во битките за уништување на сообраќајниците на линијата Скопје-Велес. Исто така, земал учество во уличните борби за ослободување на Скопје, на 13 ноември, како и во борбите за конечното разоружување на балистичките банди во Тетово и Косово. Потоа со Шеснаесеттата македонска ударна бригада заминал на Сремскиот фронт. Таму учествувал во сите борби на Бригадата. На 3 мај 1945 година, шест дена пред капитулацијата на Германија, храбро загинал. Бил закопан на борбената позиција.[1]