Трајко Димитров

македонски архитект

Трајко Димитров (Скопје, 8 август 1930 - Скопје, 5 јануари 2023) — македонски архитект. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, а дипломирал во 1956 година. По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во Македонијапроект и тука останал сè до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.[1]

Трајко Димитров
Портрет на Трајко Димитров
Роден(а)8 август 1930
Скопје, Македонија
Починал(а)5 јануари 2023
Скопје
НационалностМакедонец
АтелјеМакедонијапроект

Животопис

уреди

Потекнува од занаетчиско семејство. Татко му Ѓорѓи,роден 1902 во Булачани е истакнат мајстор во градот за изработка на мебел, а мајка му Стојна, родена 1903 во Пагаруша, потекнува од семејство кое според семејната традиција имало свој рудник за вадење и обработка на мермер. До 1937 живеел во маалото Буњаковец, а потоа за време на школувањето и студиите па сè до 1962 во Дебар Маало.[1]

Починал на 5 јануари 2023 година во Скопје.[2]

Позначајни дела

уреди

Награди и признанија

уреди
  • 1966 Борбина плакета, за пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
  • 1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп,
  • 1981 Голема награда на Бимас, за Универзалната спортска сала во Куманово

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Трајко Димитров, страница на „МАРХ“.
  2. „ПОЧИНА ТРАЈКО ДИМИТРОВ, АРХИТЕКТОТ НА ПРИРОДОНАУЧНИОТ МУЗЕЈ, БАЗЕНОТ „МЛАДОСТ", „ПАЛОМА БЈАНКА". СДК. 5.1.2023. Посетено на 25 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)