Трајан Дејаноски
Трајан Јовев Дејаноски ( 1914 во Кленоец, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Трајан Дејаноски | ||
Роден | 1914 година Кленоец, Кичевско, Македонија под окупација на Србија | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври, 1943 година Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство. Поради тешкиот живот бил принуден да замине на печалба во Белград каде бил пекарски работник. Во Белград членувал во УРС-овите синдикати и учествувал во познатите Мартовски демонстрации во 1941 година. По окупацијата се вратил во своето село каде почнал активно да работи за народно-ослободителното движење. Во 1942 година учествувал во штрајкот на патарските работници во село Извор, а од летото 1943 година бил партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции, а во септември 1943 година бил на Буковиќ со познатата чета на комесарот Мирко Милески да ја брани слободната територија каде загинал заедно со другите борци од четата во борба со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година.[1]