Травелинг Вилберис
Травелинг Вилберис (англиски: Traveling Wilburys, односно во буквален превод Патувачките Вилбери) е супергрупа составена од Џорџ Харисон, Џеф Лин, Рој Орбисон, Том Пети и Боб Дилан.
Traveling Wilburys | |
---|---|
Traveling Wilburys, од лево кон десно: Лаки-Бу (Дилан), Отис-Клејтон (Лин), Чарли-Т. Џуниор Мади (Пети), Нелсон-Спајк (Харисон) и Лефти (Орбисон). | |
Основни податоци | |
Потекло | Санта Моника, Калифорнија |
Жанр(ови) | Фолк рок Рок |
Години на активност | 1988 - 1990 |
Продукциска куќа/ќи | Wilbury Records/ Браќа Ворнер (Warner Bros.) |
Членови | Нелсон/Спајк Вилбери (починат) Отис/Клејтон Вилбери Лаки/Бу Вилбери Чарли Т. Џуниор/Мади Вилбери Лефти Вилбери (починат) |
Историја
уредиСе започнало со неформалната средба меѓу Рој Орбисон и Том Пети, кои заедно со Боб Дилан се собрале во неговото студио во Санта Моника, Калифорнија со цел да снимат песна која ќе фигурира како Б-страна на Харисоновиот сингл "This is Love". Песната која тогаш ја создаваат е "Handle With Care". Уште во истиот момент кога ја ислушуваат, членовите на продукциската куќа, сфаќаат дека песната е и повеќе од добра за да служи само како пополнувач на синглот.
Музичарите пак, толку многу уживале во меѓусебната соработка што се решиле да снимат албум. Составен од песни чии автори се сите членови на групата, албумот е снимен во период од само десет дена поради тоа што Боб Дилан морал да оди на турнеја. Пуштен во продажба во 1988 година (при што самата група се претставува под разни псевдоними - полубраќа, синови на починатиот Чарлс Траскот Вилбери Сениор), албумот Traveling Wilburys Vol. 1 во 1989 година е избран за 70ти најдобар албум издаден во 80-тите, според списанието Rolling Stone. Смртта на еден од членовите на групата - Рој Орбисон (на 6 декември 1988) ја спречува понатамошната соработка; сепак, групата продолжува и без него.
Зборот "Вилбери" е сленг измислен од Харисон и Лин за време на снимањето на албумот на Џорџ Cloud Nine и тоа како алузија на елиминирањето на "грешките" при процесот на миксирање (односно "'We'll bury' (Вилбери) them in the mix"). Терминот бил случајно употребен во присуство на сите членови на групата. Харисон го предложил името "Треперувачките Вилбери" (The Trembling Wilburys) но сите се согласиле да го искористат називот "Патувачки".
По првиот албум, следува синглот "Nobody's Child" кој ќе се обиде да го центрира светското внимание врз децата-сирачиња во Романија. Вториот албум, именуван Traveling Wilburys Vol. 3 е издаден во октомври 1990 година. Сепак, албумот има понезабележителен успех. Неколку причини се спомнуваат за да се објасни чудниот скок од Vol. 1 до Vol. 3. Првото објаснување е дека албумот на Том Пети Full Moon Fever се смета за Vol. 2 (Џеф Лин, Џорџ Харисон и Рој Орбисон работат заедно со Пети на него), второто е дека албумот не е издаден од почит спрема починатиот Орбисон, а третото и наједноставно е дека името било обична шега. Еднаш, на едно MTV интервју Харисон ќе рече дека постоел материјал за да се издаде Vol. 2, но истиот бил украден пред сосема да се комплетира албумот.
Членови
уредиПатувачките Вилбери на Volume 1 се:
- Нелсон Вилбери - Џорџ Харисон
- Отис Вилбери - Џеф Лин
- Лефти Вилбери - Рој Орбисон
- Чарли Т. Вилбери Џр. - Том Пети
- Лаки Вилбери - Боб Дилан
Патувачките Вилбери на Volume 3 се:
- Спајк Вилбери - Џорџ Харисон
- Клејтон Вилбери - Џеф Лин
- Мади Вилбери - Том Пети
- Бу Вилбери - Боб Дилан
Џим Келтнер, тапанарот на Вилберите, не е именуван како Вилбери; сепак дел е од нивните музички спотови. На ДВД-то издадено во 2007 година, даден му е прекарот 'Бастер Сајдбери'.
Дискографија
уредиАлбуми
уреди-
Traveling Wilburys Vol. 1 24 октомври 1988 Wilbury, Warner Bros. -
Traveling Wilburys Vol. 3 29 октомври 1990 Wilbury, Warner Bros.
Синглови
уреди-
"Handle With Care" октомври 1988 ВБ #21, САД #45 -
"End Of The Line" февруари 1989 -
"Nobody's Child" јуни 1990 -
"She's My Baby" октомври 1990 -
"Wilbury Twist" март 1991
Надворешни врски
уреди- TheWilburys.com Информации за Травелинг Вилберис, музички спотови и текстови
- Официјалната страна на Травелинг Вилберис
- Разбирливо мрежно место на обожавателите Архивирано на 16 јуни 2020 г.
- Два блога од истиот автор: Wilbury Twist и Traveling Wilburys
- Травелинг Вилберис на VH1.com Архивирано на 16 октомври 2012 г.