Томе Пецев Николовски ( 1922 во Сарај (село), Скопско23 август 1945 во Нови Пазар, Кралево, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од cиpомашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада заминал за Сремскиот фронт. Бил борец во третата чета на првиот баталјон. Учествувал ѝ во завршните операции за ослободување на Војводина и Хрватска, како и во гонењето на непријателските сили од територијата на Југославија. На 23 август 1945 година, загинал во несреќен случај, што го предизвикал превртувањето на камионот во кој патувал. Бил погребан на патот меѓу Нови Пазар и Краљево.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 108. На |first= му недостасува |last= (help)