Томаш Саторански (чешки: Tomáš Satoranský; роден на 30 октомври 1991, во Прага, Чехословачка) е чешки кошаркар, бек или крило на Чикаго Булс и на чешката репрезентација.

Томаш Саторански

Саторански со Вашингтон Визардс во 2018
Саторански со Вашингтон Визардс во 2018

Лични информации
Роден на 30 октомври 1991(1991-10-30)(33 г.)
Роден во Прага, Чехословачка
Националност Чешка Чешка
Висина 2,01 м
Тежина 95 кг
Позиција бек, крило
Информации за кариерата
Драфт 2012 / Рунда: 2 / Пик: 32
Избран од:
Вашингтон Вашингтон Визардс
Проф. кариера 2007—
Моментален клуб
Клуб Чикаго Чикаго Булс
Број 31
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2007–2009
2009–2014
2014–2016
2016–2019
2019–
УСК Прага УСК Прага
Севиља Севиља
Барселона Барселона
Вашингтон Вашингтон Визардс
Чикаго Чикаго Булс
Репрезентација
2008– Чешка Чешка

Клупска кариера

уреди

УСК Прага, Севиља и Барселона

уреди

Од 2007 до 2009 година, Саторански играл за УСК Прага во чешкото првенство.

Во 2009 година, Саторански потпишал за шпанската Севиља со која настапувал во АЦБ лигата. Тој ги поминал следните пет сезони во Севиља, а најдобрите партии ги пружил во сезоната 2013-2014, кога во просек 12,1 поени, 3,8 скокови, 4,8 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар. Во меѓувреме, Саторански се пријавил на НБА драфтот во 2012 година, каде бил избран во втората рунда како 32-ри пик од Вашингтон Визардс.[1] Истата година, тој играл за Визардс во Летнатата лига на НБА.[2]

Саторански останал во Севиља до 2014 година, а еден од своите најдобри натпревари го одиграл на 15 март 2014 против Ваљадолид, завршувајќи со 15 поени и 10 скокови.[3]

Во јули 2014, Саторански потпишал двегодишен договор со Барселона.[4] Со оваа екипа го освоил Суперкупот на Шпанија, а во текот на истата таа сезона - 2015-2016, бил избран за најатрактивен играч на сезоната во шпанското првенство и се нашол во втората петорка на идеалниот тим на АЦБ лигата за сезоната. По завршувањето на најуспешната сезона во својата дотогашна кариера, Саторански ја напуштил Барселона со цел да се пресели во НБА лигата.[5]

Вашингтон Визардс

уреди

На 21 јули 2016 година, Саторански потпишал за Вашингтон Визардс.[6] Една од своите најблескави партии во својата прва сезона во НБА, Саторански ја имал на 12 ноември 2016, кога постигнал 12 поени и 9 асистенции во поразот со 106-95 на гостувањето кај Чикаго Булс. За време на сезоната 2016-2017, Саторански играл релативно малку само 12,6 минути во просек, со реализација од 2,7 поени, 1,5 скокови и 1,6 асистенции по натпревар.

На 1 декември 2017 година, тој постигнал највисоки дотогаш во НБА кариерата 17 поени во победата од 109–91 над Детроит Пистонс.[7] На 3 февруари 2018, тој поставил нов личен рекорд со 19 поени во победата со 115–98 над Орландо Меџик,[8] а веќе следната недела го подобрил тоа остварување, постигнувајќи 25 поени со шут од игра 10/12 во победата со 101-90 над Чикаго Булс.[9] На 11 јануари 2019 година, го забележал својот прв трипл-дабл во кариерата со 18 поени, највисоки во кариерата 12 скока и 10 асистенции во победата над Милвоки Бакс од 113-106.[10]

Вкупно тој одиграл три сезони во дресот на Визардс, забележувајќи 210 натпревари со просек од 6,6 поени, 2,8 скокови и 3,7 асистенции.

Чикаго Булс

уреди

На 6 јули 2019, Саторански бил трејдуван во Чикаго Булс.[11] На 6 јануари 2020, Саторански регистрирал 11 поени, 5 скокови и највисоки во НБА кариерата 14 асистенции во поразот 110–118 од Далас Маверикс.[12][13]

Репрезентативна кариера

уреди

Саторански играл во сите возрасни категории на Чешката репрезентација. Во 2010 година, тој играл на Европското првенство за играчи под 20 години.

Саторански ја претставувал сениорската репрезентацијата на Чешка на Европското првенство 2013 и Европското првенство 2015.[14][15] Тој, исто така, играл на Европското првенство 2017 и и помогнал на Чешка да се пласира на Светското првенство 2019 за првпат во историјата на репрезентацијата.[16][17][18]

Наводи

уреди
  1. „Satoranský je čtvrtým Čechem v NBA. Jde do Washingtonu za Veselým — iDNES.cz“. Посетено на 29 June 2012.
  2. Standig, Ben (22 July 2016). „Tomas Satoransky: Timing was right for Wizards, NBA dreams“. NBC Sports Washington. Посетено на 4 November 2019.
  3. „Regular Season Round 23: Sevilla - Valladolid 84-68“. Eurobasket. 15-3-2014. Посетено на 8 јули 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „FC Barcelona lands guard Satoransky“. Euroleague.net. Посетено на 11 July 2014.
  5. „Tomas Satoransky leaves FC Barcelona Lassa“. fcbarcelona.com. 4 July 2016. Посетено на 8 July 2016.
  6. „Wizards Sign Tomas Satoransky“. MonumentalSportsNetwork.com. 21 July 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-13. Посетено на 21 July 2016.
  7. „Morris, Satoransky lead Wizards to 109-91 rout of Pistons“. ESPN.com. 1 December 2017. Посетено на 2 December 2017.
  8. „Porter, Wizards ease to 115-98 victory over Magic“. ESPN.com. 3 February 2018. Посетено на 4 February 2018.
  9. „Tomas Satoransky scores 25, Wizards beat Bulls 101-90“. ESPN.com. 10 February 2018. Посетено на 11 February 2018.
  10. „Beal scores 32, Wizards top Giannis-less Bucks 113-106“. ESPN.com. 11 January 2019. Посетено на 11 January 2019.
  11. „BULLS ACQUIRE TOMAS SATORANSKY“. NBA.com. 6 July 2019.
  12. „Bulls vs. Mavericks - Game Recap - January 6, 2020 - ESPN“. ESPN.com (англиски). Посетено на 2021-04-05.
  13. „Chicago Bulls vs. Dallas Mavericks Score and Stats - January 6, 2020 Gametracker“. CBSSports.com (англиски). Посетено на 2021-04-05.
  14. EuroBasket 2013 profile
  15. EuroBasket 2015 profile
  16. EuroBasket 2017 profile
  17. „Czech Republic's Satoransky on making the World Cup“. Посетено на 19 September 2018.
  18. 2019 FIBA World Cup profile

Надворешни врски

уреди