Тиледа — село и поранешна општина во округот Мансфелд-Зидхарц, во германската покраина Саксонија-Анхалт. Од 1 јули 2009, е дел од градот Келбра. Тиледа се наоѓа на северните падини на планинскиот масив Кифхојзер со споменикот Кифхојзер.

Тиледа
Градски дел во Келбра
Поглед кон Тиледа
Поглед кон Тиледа
Поглед кон Тиледа
Тиледа во рамките на Германија
Тиледа
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Мансфелд-Зидхарц
Град Келбра
Основни податоци
Површина 15 км2
Надм. височина 169 м
Население 918  (31 декември 2006)
 - Густина 61 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MSH
Пошт. бр. 06537
Повик. бр. 034651
Портал www.vwg-goldene-aue.de
Координати 51°25′14″N 11°8′36″E / 51.42056° СГШ; 11.14333° ИГД / 51.42056; 11.14333
Тиледа / Кифхојзер, околу 1820

Населбата била првпат спомената во раниот 9 век како Dullide, посед на опатијата Херсфелд. Венчавката во 972 г. на царот Отон II се случила во царскиот имот кај Тиледа. Археолошките пронајдоци го потврдија постоењето на замокот; сега е музеј од отворен тип.