Теодота
Теодота била византиска царицата, втора сопруга на царот Константин VI Слепиот.
Теодота | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиска царица | |||||
Роден(а) | околу 780 Цариград | ||||
Сопружник | Константин VI Слепиот | ||||
Деца | Лав син со непознато име | ||||
| |||||
Династија | Сириска династија | ||||
Мајка | Ана |
Први години
уредиТеодота била член на аристократско цариградско семејство. Нејзиниот брат Сергиј ја имал функцијата на хипатиј, а нивната мајка Ана била сестра на Теодосија. Така Теодота била прва братучетка на Теодор Студит.
Во 794 година Теодота станала дел од дворецот во времето на царицата Ирина, мајка и регент на Константин VI. Во тоа време Константин VI бил оженет за прва сопруга, Марија Амниска, со која имал две ќерки, Ефросина и Ирина. Според Теофан Исповедник, причина за неуспешниот брак на Марија и Константин VI била Ирина. Можно е причина за тоа да бил фактот што за шест години брак со Константин, Марија не успеала да му роди машки наследник. Во тоа време Теодота станала метреса на царот.
Царица
уредиВо јануари 974 година Константин VI се разделил со Марија Амниска и ја испратил во манастир заедно со своите ќерки. Во август 795, Константин VI наредил подготовки за склучување на брак со Теодора, која ја добила титулата августа, титула која првата сопруга на царот никогаш не ја поседувала. Свадбата на Константин VI и Теодота била прославена во септември 795 година во палатата Свети Мамант. Теодота била прогласена за царицата на Константин VI осум месеци подоцна.
Првично бракот на царот и Теодота не бил прифатен од страна на Православната црква, која одбила да го признае за легитимен, поради фактот што првата сопруга на царот била сè уште жива. Поради тоа црквата започнала процес по обвинение за прељуба. Дел од поданиците на царот започнале да се дистанцираат од него и неговата нова сопруга. Според византиската традиција, церемонијата на склучување на бракот на царот се води од Вселенскиот патријарх. Тогашниот патријарх Тарасиј Цариградски кој неволно дал согласност за развод и согласност за вториот брак на царот, категорично одбил да ја извршил церемонијата на венчавката. Така склучениот брак го извршил Јосиф, свештеник во Света Софија[1]. Во овој спор, чичкото на Теодота, Платон, и братучед на Теодор Студит, застанале на чело против бракот на Константин и Теодота и повикале свештеникот Јосиф да биде исклучен од црквата и сите вмешани во венчавката[2].
Во првите две години од бракот Константин VI и Теодота се обиделе да ги добијат своите противници на своја страна преку мирни преговори. Во 797 година, сепак трпението на царот се исцрпило и тој ја испратил царската гарда за да ги растераат монасите од Студитскиот манастир, игумен на кој бил Теодор студио. Теодор бил тепан со стап и заедно со десет други монаси бил прогонет во Солун, а Платон бил фрлен во затвор во Цариград[3]. Овие акции на царот го лишеле од поддршката на иконопочитателите. Иконоборците од своја страна биле против него уште од времето на Вториот собор во Никеја (787).
Повлекување
уредиВо меѓувреме мајката на Константин VI започнала заговор против својот син и во август 797 година царот бил соборен и заслепен, а Ирина го зазела официјално византискиот престол.
На Теодота и било дозволено да се повлече во еден мал дворец заедно со слепиот сопруг. По смртта на Константин VI, дворецот бил претворен во манастир.
Симеон Метафраст го именувал овој манастир како манастирот на Исидор, наречен според патрициј Исидор, кој ја изградил палатата. Георги Амартол неколку децении подоцна известува дека во времето на Теофил (владеел 829-842) калуѓерките биле префрлени во друг манастир. Дали самата Теодота била меѓу нив, не е споменато[4].
Деца
уредиТеодота и Константин VI имале две деца:
- Лав (7 октомври 796 - 1 мај 797)
- непознат син, роден по детронацијата на Константин VI
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- The page of Byzantine women dealing with her
- Article about Irene by Lynda Garland, contains section on the marriage of Theodote
Претходник Марија Амниска |
Византиска царица 795–797 |
Наследник Теофано |