Курдска работничка партија
Курдска работничка партија, попозната како ПКК, курдска милитантна организација која водела вооружена борба против Турција од 1984 година до 2013 година, за остварување права на самоопределување на Курдите во Турција, кои сочинуваат 10-25% од населението. Организацијата е основана во 1973 година во селото Фис од страна на група курдски студенти предводени од Абдула Оџалан. Идеологијата на ПКК првобитно претставува мешавина од револуционерен социјализам, курдски национализам и барање основа за независност на марксистичко-ленинистичка држава во регионот позната како Курдистан.
Меѓутоа кога е уапсен и притворен во 1999 година, водачот на ПКК, Абдула Оџалан, го отфрлил марксизмот-ленинизмот, барајќи партијата да ја прифати новата политичка платофмра „Демократски конфедерализам“.
Во 2013 година се согласиле на примирје и полека почнале да ги повлекуваат борците во Јужен Курдистан како дел од т.н. „Процес на решение“ помеѓу Турција и долго обесправеното курдско малцинство.
ПКК е поставена на списокот на терористички организации од страна на неколку организации и држави како што се НАТО, САД и Европската унија.[1]
НаводиУреди
- ↑ „Chapter 6—Terrorist Groups“. Country Reports on Terrorism. United States Department of State. 27 април 2005. Посетено на 23 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)