Сушичка Река (Пиринска Македонија)

река во Пиринска Македонија

Сушичка Рекарека во Горноџумајско (Општина Симитли), Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 20 км. Ги одводнува најјужните делови планината Влаина и најсеверните делови Малешевските Планини (Крупничка Планина).[1]

Сушичка Река
Местоположба
МестоГорноџумајско, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЏами Тепе, Малешевски Пл.
 • координати41°46′07″N 23°00′40″E / 41.7686° СГШ; 23.0111° ИГД / 41.7686; 23.0111
 • надм. вис.1.753 м
Устие 
 • место
р. Струма кај с. Черниче, Општина Симитли
 • координати
41°51′18″N 23°08′06″E / 41.855° СГШ; 23.135° ИГД / 41.855; 23.135
 • надм. вис.
277 м
Должина20 км
Големина на сливот83 км2
Проток 
 • просеченм3
Особености на сливот
ТечениеСтрумаЕгејско Море

Реката извира до самата граница со Р Македонија под името Голема Река на надморска височина од 1.753 м. од источната страна на врвот Џами Тепе (Иљов Врв, 1.803 м), највисока точка на Малешевските Планини. Тече низ слабо пошумена долина, која во пониските делови е соголена. По оваа долина оди границата помеѓу Влаина на север и Крупничка Планина на југ. Реката прави големи завои по течението; првите 3 км тече на исток, следните 5 км на север, па 5 км повторно на исток; оттука до с. Долна Сушица (Полена) тече во правец на север-североисток за на крај да сврти на исток низ Симитлиската Котлина. Завршува како десна притока на Струма, 400 м југоисточно од с. Черниче.

Сливот на реката зафаќа 83 км2, што претставува 0,48 % од вкупниот слив на Струма.

Главни притоки се Љубишевска Река, Ѓорѓевска Река и Потока (најголема), сите леви.

Сушичка Река се напојува претежно од дожд; најполноводна е во март, а најслабоводна во август. Средниот годишен истек во устието изнесува 1 м3.

По течението на реката има 4 села: Сушица, Долна Сушица (Полена), Крупник и Черниче, сите во Општина Симитли.

Во најдолното течение, на подрачјето на Симитлиската Котлина дел од водите се користат за наводнување.

Поврзано

уреди

Карта

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 484.