Султанзаде Мехмед-паша
Султанзаде Мехмед-паша (1603 – јули 1646) — осмналиски Голем везир. Неговиот епитет „султанзаде“ значи „син на османчлиска принцеза,“[1] Миримах, ќерка на Сулејман I била една од неговите сестри. Исто така и двајца други поранешни везири Рустем-паша и Јусуф Синан-паша биле негови дедовци. Понекогаш се користеле и епитетите Џиванкапиџибаши (позиција во сарајот) и семиз (дебел).
Султанзаде Мехмет паша | |
---|---|
Голем везир | |
На должноста 31 јануари 1644 – 17 декември 1645 | |
Монарх | Ибрахим I |
Претходник | Кеманкеш Кара Мустафа-паша |
Наследник | Салих-паша Невесинец |
Османлиски управник на Египет | |
На должноста 1637–1640 | |
Претходник | Гази Хусеин-паша |
Наследник | Накаш Мустафа-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1603 |
Починал(а) | јули 1646 |
Роднини | Јемишчи Хасан-паша (дедо) |
Вероисповед | ислам |
Младост
уредиМехмед-паша бил внук на Јемишчи Хасан-паша.
Во 1638 година, Мехмед-паша бил назначен за управник на Египет. три години подоцна, за време на владеењето на Ибраим I, тој се вратил во Цариград како везир во османлискиот диван. Во 1641 година, тој бил назначен за владетел на Озу (денешен Очакив во Украина) и бил задолжен да ја заземе тврдината Азак (денешен Азов во Русија), кој неодамна бил освоен од Козаците. Тој успеал да ја заземе тврдината и во 1643 година бил назначен за управника на Дамаск. Ова назначување најверојатно се должи на тајната борба за надмоќ меѓу него и Големиот везир Кеманкеш Мустафа-паша.[2]
Како управник на Египет
уредиМехмед-паша бил назначен за управник на Египет во 1638 година.[3][4] Во февруари 1638 година, султанот Мурат IV наредил Мехмед-паша да му испрати 1.500 војници да му помогнат во освојувањето на Багдад. Војската се мобилизирала во мај 1638 година, и се вратиле во Египет во јуни 1639 година откако успеале да го заземат градот.[5]
Според одредени тврдења, Мехмед-паша ограбил многу од месните емири и улеми, и дека истото му го сторил и на населението изнудувајќи значајни суми од земјоделците.[6] Сепак, кога му испратил извештај за трошоците за социјални услуги на султанот, Мурат IV му наредил да ги запре сите исплати на жените, ова создало незадоволство меѓу населението, бидејќи поголемиот дел од овие жени биле сиромашни вдовици.[7]
Од неговото стапување на должност, Мехмед-паша и месниот емир, Ридван Беј ел-Факри, споделувале меѓусебна омраза.[7] Иако првично Ридван првично ја стекнал довербата на Мехмед-паша ветувајќи му голема сума на пари во замена да го назначи за командант на одредот испратен до султанот за Багдад, нивниот однос се влошил во моментот кога Ридван не ја исплатил договорената сума, па Мехмед-паша ги задржал тие пари од исплатата за трошоците за карванот и војската. Кога Ридван се налутил и протестирал пред пашата, тој попуштил и му ги дал парите, ветувајќи дека ќе му се одмазди на друг начин.[8] Оваа можност се укажала кога починал османлискиот управник на Хадеш.Мехмед-паша го убедил султанот дека Ридван треба да го наследи мртвиот управник по што Ридван бил отповикан од походот кон Багдад.[9] Во меѓувреме, тој назначил друг емир на неговото место во Еипет, кога Ридван пристигнал во Каиро, Мехмед-паша го испратил во Цариград. Кога војската се вратила во Каиро подоцна, Мехмед-паша продолжил да го запленува имотот на Ридван.[10] Кога ридван пристигнал во Цариград, султанот за малку ќе го погубел бидејќи не дошол во Багдад и бидејќи навреме не го зазел местото управника на Хабеш. Иако неговите поддржувачи го спасиле од погубување, тој бил затворен.[11][12] Сепак, повторно бил вратен на старата позиција од слениот султан, Ибрахим I, и повторно ги стекнал сите имоти кои му биле одземени од Мехмед-паша.[11][12]
По крунисувањето на новиот султан Ибрхим I, Мехмед-паша не ги добил обичајните подароци кои управниците ги добивале при назначувањето на новите султани, по што помислил дека не му се допаѓа на новиот султан. ова негово мислење се покажало како точно, султанот го разрешил во 1640 година и го поставил за управител на помалку значајната Хејаз. Мехмед-паша првично одбил да ја плати големата сума која наводно ја должел на египетскиот трезор, но на крајот сепак ја платил.[13]
Како Голем везир
уредиВо 1644 година, Мехмед-паша го наследил Кеманкеш Мустафа-паша кој бил погубен. Кеманкеш Мустафа бил жртва на сплетки во периодот на Султанатот на жените, вклучувајќи го тука и шарлатанот Џинџи-оџа. Знајеќи за влијанието на Џинџи-оџа и знаејќи ја судбината на претходниот Голем везир, Мехмед-паша бил мошне внимателен при управувањето и така станал неделотворен Голем везир. Тој станал сикофант на султанот. Според лордот Кинрос,[14] еден ден султанот го прашал Мехмед-паша зашто никогаш не се противи на неговите мислења, на што мехмед-паша одговорил, „Секое мислење на султанот има длабоко афоризмично значење иако обичните подредени не можат да го разберат.“ Иако бил против објавувањето на војна против Венеција,[15] неговите внимателни противења не биле земени предвид со што започнала Критската војна во 1645 година (која финансиски ги исцрпила двете страни).
Подоцнежни години
уредиВо 1645 година, султанот Ибрахим го разрешил Мехмед-паша. Неговата следна мисија била на Крит, кој во тој момент бил местото на кое започнала војната, како командант на војската (турски: сердар). Набрзо, Мехмед-паша починал во јули 1646 година.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Muhammad Pasha, Sultan Zade, J.H.Kramers, First Encyclopedia of Islam:1913-1936, Ed.M. Th Houtsma, (E.J.Brill, 1993), 693.
- ↑ 2,0 2,1 Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul,2009, ISBN 978-975-254-278-5, p.99
- ↑ Yılmaz Öztuna (1994). Büyük Osmanlı Tarihi: Osmanlı Devleti'nin siyasî, medenî, kültür, teşkilât ve san'at tarihi. 10. Ötüken Neşriyat A.S. стр. 412–416. ISBN 975-437-141-5.
- ↑ Süreyya, Bey Mehmet, Nuri Akbayar, and Seyit Ali. Kahraman. Sicill-i Osmanî. Beşiktaş, İstanbul: Kültür Bakanlığı Ile Türkiye Ekonomik Ve Toplumsal Tarih Vakfı'nın Ortak Yayınıdır, 1890. Print.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 85.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 85, 86.
- ↑ 7,0 7,1 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 86.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 86, 87.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 87.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 87, 88.
- ↑ 11,0 11,1 Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 88.
- ↑ 12,0 12,1 Holt, P. M. (2009). „The Exalted Lineage of Ridwān Bey: Some Observations on a Seventeenth-Century Mamluk Genealogy“. Bulletin of the School of Oriental and African Studies. 22 (02): 221. doi:10.1017/S0041977X00068671. ISSN 0041-977X.
- ↑ Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 89.
- ↑ Lord Kinross: The Ottoman centuries (translated by Meral Gaspıralı) , Altın Kitaplar, İstanbul, 2008, ISBN 978-975-21-0955-1, p306
- ↑ Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p. 90
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Кеманкеш Кара Мустафа-паша |
Голем везир 31 јануари 1644 – 17 декември 1645 |
Наследник Салих-паша Невесинец |