Диван ― совет, собрание, суд, канцеларија, уред; совет на султановиот двор во Истанбул на везирот или покраински намесник.[1]

Султанскиот совет (дивани-хумајун) ги издавал највисоките наредби и решенија. До средината на 15 век, со него претседавал лично султанот, а потоа големиот везир. Отпрвин заседавал секој ден (освен в петок), од втората половина на 16 век, само четири дена (од сабота до вторник), од крајот на 17 век, само два дена, а од 1750 година престанал да се собира, иако официјално не бил укинат.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 155. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)