Кеманкеш Кара Мустафа-паша
Кеманкеш Кара Мустафа-паша (починал на 31 јануари 1644 во Цариград) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 23 декември 1638 до 31 јануари 1644 година.
Кеманкеш Кара Мустафа паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското царство | |
На должноста 23 декември 1638 – 31 јануари 1644 | |
Монарх | Мурат IV - Ибрахим I |
Претходник | Тајар Мехмед-паша |
Наследник | Султанзаде Мехмед-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1592 Албанија |
Починал(а) | 31 јануари 1644 Цариград |
Вероисповед | ислам |
По потекло од Албанија[1], како мал бил земен во јаничарскиот корпус каде во 1634 година станал командант, а по една година станал главен адмирал на морнарицата или капудан-паша. Учествувал во походот кон Багдад и по смртта на Тајар Мехмед-паша бил назначен за Голем везир.
По смртта на султанот Мурат IV, тој бил оставен на функцијата и во времето на Ибрахим I. Бидејќи новиот султан немал сила да управува, Кара Мустафа Паша де факто бил владетел на царството. Користејќи тешки методи, тој ставил крај на бунтовите и го намалил бројот на редовните војници. Тој си создал голем број на непријатели кога успеал да погуби неколку паши во дворот. Најголема опозиција му биле Џинџи Хоџа и везирот Султанзаде Мехмед-паша кои биле под контрола на Косем султан. Иако неколкупати сакал да поднесе оставка, тоа не било прифатено од султанот сè до 31 јануари 1644 година кога по неговата оставка тој бил погубен.
Наводи
уреди- ↑ [„History page of Yıldızeli mayor (турски)“. Архивирано од изворникот на 2011-01-01. Посетено на 2014-08-13. History page of Yıldızeli mayor (турски)]
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Тајар Мехмед-паша |
Голем везир 1638 – 1644 |
Наследник Султанзаде Мехмед-паша |