Страхил Ефремовски
Страхил Милисавов Ефремовски (2 март 1924 во Шопско Рударе, Кратовско — 12 мај 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Страхил Ефремовски | ||
Роден | 2 март, 1924 година Шопско Рударе, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиОсновно четиригодишно училиште завршил во родното место. Немал можност да го продолжи образованието ѝ уште како дете почнал да се занимава со сточарство. На 1 септември 1944 година стапил во редовите на НОВ, во состав на Треттатa македонска ударна бригада. Во бригадата како познат бомбаш, учествувал во борбите за ослободување на Македонија, пројавувајќи посебна храброст во борбите на реката Треска. Неговата група била опколена од непријателот, а тој како бомбаш се привлекол до германската позиција и умешно фрлил неколку бомби, со тоа го пробил обрачот и успеал да се спаси себеси и својата единица. По ослободувањето на Македонија, бригадата заминала на Сремскиот фронт. Во пробивањето на Сремскиот фронт учествувал во борбите до Врпоље. Загинал на 12 април 1945 година во Врпоље.[1]