Душан Василевски
Душан Цветков Василевски (27 јануари 1925 во Бањане, Скопско — 16 септември 1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година, кога балистичките сили се концентрирале во Скопска Црна Гора, и пристапил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во поголем број тешки и крвави борби против балистите. Во една таква борба, на 16 септември 1944 година, храбро загинал на позициите кај Чучерска Стена. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.[1]