Столпник
Столпник или стилит (грчки: ) — вид на аскет кој, во раните христијански денови на Византиското Царство, живеел на столб (столп на старословенски, stylos на грчки) и проповедал, постел и се молел. Овие аскети верувале дека умртвувањето на нивните тела ќе донесе спас за нивните души.
Животот на столпниците
уредиПодвигот на столпниците се состоел во живеење на столб или на врвот на карпа, без разлика на климатските услови, што често го отежнувало овој начин на подвигување (дожд, ветер, ниски или високи температури). Византиската провинција Сирија се смета за лулка на столпиците, бидејќи токму таму најмногу се негувал овој вид подвиг. Врвот на столбот се поврзувал со земјата со скали, а понекогаш имало и настрешница што ја подигнувале обожавателите на столпниците за барем малку да им ги олеснат маките на овие аскети. Неретко, за да си го зголемат сопственото страдање, столпниците си ставале синџири во облик на крст. Целта на овој подвиг била одвојување од материјалниот, грешен свет. Низ историјата имало голем број столпници, а интересно е што меѓу нив имало и неколку жени.[1]
Првиот столпник веројатно бил Симеон Столпник, кој се качил на столб во Сирија во 423 година, и не се симнал од него сè до неговата смрт 37 години подоцна.
Вкупно биле канонизирани 7 столпници.
Општествени односи
уредиМногу брзо, столпниците добиле голем број поддржувачи, кои верувале во исцелителната и пророчката моќ на овие монаси. Почитта кон столпниците прераснала во вистинско обожавање. Во местата каде што живееле цветала трговијата, занаетчиството и гостилниците, бидејќи ги посетувале голем број луѓе. Во 8 век со појавата на иконоборството, се намалил бројот на столпници, а биле забележани и случаи на нивно прогонство. На пример, царот Константин V издал наредба брутално да се погуби Петар Столпник. Намалувањето на столпниците било забележано и во IX век, но од крајот на тој век овој начин на подвиг повторно заживеал.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Политикин забавник број 2973, датум: 30.1.2009. „Живот на врху стуба“: стране 4-6. Издаје и штампа: Политика АД. Београд.