Стефан Петрушевски
Стефан Ордев Петрушевски ( 1918 во Секулица, Кратовско — 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стефан Петрушевски | ||
Роден | 1918 година Секулица, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиОсновното четиригодишно училиште го завршил во родното место. Бидејќи немал можност да го продолжи образованието, тргнал по патот на својот татко, да работи земјоделие и да собира жетва од сиромашната и неплодна земја, од која не можело целосно да се прехрани нивното семејството. На 1 септември 1944 година, единиците на НОВ престојувале во селото и околината на Секулица, па така тој се приклучил во редовите на Единаесеттата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби за ослободување на Македонија. Подоцна бил упатен во Треттатa македонска ударна бригада, со која по ослободувањето на Македонија заминал на Сремскиот фронт. Загинал во април 1945 година кај Врпоље, во борбите против германскиот окупатор.[1]