Стар театар „Антон Панов“
Стар театар „Антон Панов“ — театарска зграда во градот Струмица, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Стар театар „Антон Панов“ | |
---|---|
Поглед на театарот | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | театар |
Стил | класицизам |
Адреса | ул. „Боро Џони“ бр. 5 |
Град | Струмица |
Земја | Македонија |
Почната | 1948 |
Завршена | 1949 |
Историја
уредиГрадбата е сместена во градскиот центар, на улица „Боро Џони“ бр. 5. Изградена е од есента 1948 до мај 1949 година со доброволен труд на граѓаните. Била изведена масивно, со приземје и кат со влез од север. Во 1969 година е извршена реконструкција, при која внатрешноста е обновена од уметникот Александар Јанкуловски и вајарот Насо Беќаров. Приземјето имало влезно фоаје, билетарница и скалила кон катот. Салата имала 460 седишта и две ложи по страните. Лево и десно од сцената имало работилници, гардероби и други придружни простории. Внатрешноста била богато украсена со мозаици и бакарни апликации.[1]
На почетокот на XXI век била зачувана само предната северна фасада кон улицата „Боро Џони“ и влезната врата, која е впечатливо изработена од дрво со бакарни апликации. Предната фасада е со нагласен централно поставен влез со два пиластра со капители. На приземјето има по еден прозорец лево и десно од влезот, а на катот се распоредени четири симетрични прозорци. Фасадата завршува со профилиран венец и профилиран тимпанон. Вратата била пренесена во Домот на културата.[1]
Градбата била целосно уништена откако настрадала во пожар. Во 2012 година отпочнала нејзината обнова во изворен облик.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Стар театар Антон Панов“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2018-07-12. Посетено на 6 ноември 2017.
- ↑ „ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на стариот театар во Струмица“. Вистиномер.мк. Посетено на 6 ноември 2017.
- ↑ „Стар театар“. Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Архивирано од изворникот на 2022-04-19. Посетено на 6 ноември 2017.
Надворешни врски
уреди- Стар театар „Антон Панов“ на Ризницата ?