Солена Вода (Стар Караорман)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Солена Вода“
| |
Местоположба | 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167° СГШ; 22.20333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Стар Караорман |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Солена Вода — археолошко наоѓалиште во штипското село Стар Караорман. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на североисточниот крај на селото, на излезот кон наоѓалиштето Орлови Чуки. Теренот е блага падина што се спушта кон коритото на Благова Река. Уште во 1958 година по ерозивните води биле откриени гробови со камени конструкции кои подоцна селаните ги прекопале. Исти гробови со скелетно погребување уништил и еден жител копајќи темели за куќа. Од гробните прилози, најдени во поголем број, се зачувани три прстена со вметнато стакло на главата и две стаклени белезици, од X до XII век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.[1]
Поврзано
уреди- Варница - Крушка — осамен ранословенски наод;
- Горно Поле - Балабаница — населба и некропола од железното и раноантичкото време;
- Крушка — старохристијанска населба и базилика;
- Орлови Чуки — тумули од железното време;
- Трансформатор — осамен наод од неолитското време;
- Стар Караорман;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 442. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |