Стара Чешма (Горно Соње)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Стара Чешма“
| |
Местоположба | 41°57′00″N 21°23′03″E / 41.95000° СГШ; 21.38417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Горно Соње |
Општина | Сопиште |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Стара Чешма — археолошко наоѓалиште во скопското село Горно Соње, Општина Сопиште. Претставува осамен наод од римско време.
Во западниот дел на селото се наоѓа стара, одамна напуштена чешма во која, до 1982 година, имало вградена мермерна стела со релјеф и латински натпис. Недалеку од чешмата, во дворот на селската црква има профилирани мермерни блокови.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 370. ISBN 9989-649-28-6.