Стара Црква (Извор)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Стара Црква“
| |
Местоположба | 41°33′11″N 21°41′55″E / 41.55306° СГШ; 21.69861° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Извор |
Општина | Чашка |
Тип | |
Период | римско време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба и некропола од римското време и средновековна црква.
Местоположба
уредиСтара Црква се наоѓа на околу 800 метри источно од селото, на блага падина што се спушта кон реката.[1]
Ископувања и наоди
уредиНа површина на падината се гледаат камени плочи од гробни конструкции, фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во средишниот дел на локалитетот има остатоци од еднокорабна црква со вградени сполии од мермерна архитектонска пластика. Од овој локалитет потекнува и надгробен споменик кој се чува во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 77. ISBN 9989-649-28-6.