Стара Река (Пиринска Македонија)

река во Пиринска Македонија

Стара Река или Вранештица (бугарски: Стара река, Вранещица) — река во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 29 км. Извира од југоисточните делови на планината Влаина.

Стара Река
Вранештица
Местоположба
МестоГорноџумајско, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоВлаина
 • координати41°46′30″N 22°58′08″E / 41.775° СГШ; 22.9689° ИГД / 41.775; 22.9689
 • надм. вис.1.727 м
Устие 
 • место
р. Струма во с. Железница, Општина Симитли
 • координати
41°55′19″N 23°06′39″E / 41.9219° СГШ; 23.1108° ИГД / 41.9219; 23.1108
 • надм. вис.
302 м
Должина29 км
Големина на сливот96 км2
Особености на сливот
ТечениеСтрумаЕгејско Море

Реката извира под името Вранештица на надморска височина од 1.727 м, од кладенец во најјужниот дел на планината Влаина, 1,6 км јужно од нејзиниот првенец Кадиица (1.924 м). Првично тече на север во стрмна, длабока и шумовита долина. По ммалото В’чковци на с. Сухострел свртува на североисток, и овде служи како граница меѓу општините Симитли и Горна Џумаја (Благоевград). Во долното течение е насочена кон исток, а долината е поширока и со поблаги страни. Завршува како десна притока на Струма во селото Железница, Општина Симитли.

Сливот на реката зафаќа 96 км2, што претставува 0,55 % од вкупниот слив на Струма.

Главна притока е Дебочичка Река (лева).

Стара Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.

По течението на реката има три села: Сухострел, Брестово и Железница, сите во Општина Симитли.

На десниот брег на реката, западно од с. Тросково се наоѓа манастирот „Св. Арахангел Михаил“.

Топографски карти

уреди

Поврзано

уреди