Fleas
Болва под елетронски микроскоп.
Научна класификација
Подредови

Ceratophyllomorpha
Hystrichopsyllomorpha
Pulicomorpha
Pygiopsyllomorpha

Синоними

Aphaniptera

Болвата, вообичаеното име за редот Siphonaptera, опфаќа 2.500 видови мали безлетни инсекти кои преживуваат како надворешни паразити на цицачи и птици. Болвите живеат од конзумирање на крв или хематофагија од нивните домаќини. Возрасните болви се големи околу 3 мм во должина, вообичаено се кафеави, и имаат тела кои се рамни и тесни, поради што можат да се движат низ крзното или пердувите на нивните домаќини. Им недостасуваат крилја, но имаат силни канџи, поради што тешко се отстрануваат, имаат уста прилагодена за бодење на кожата и цицање крв, а задните нозе се крајно добро прилагодени за скокање. Тие се во можност да скокаат на оддалеченост од околу 50 пати од нивната телесна должина. Ларвите на болвите се црвовидни без екстремитети; тие можат да џвакаат и да се хранат со органски остатоци оставени на кожата на нивниот домаќин.

Болвите се најтесно поврзани со инсектите од редот Mecoptera. Болвите се појавиле во почетокот на периодот Креда, најверојатно како ектопаразити на цицачите, пред да се преселат во другите групи, вклучително и птиците. Секој вид болва е повеќе или помалку специјалист во однос на животинскиот вид домаќин: многу видови никогаш не доаѓаат на кој било друг домаќин, иако некои се помалку селективни. Некои семејства на болви се ексклузивни за единствена група домаќин; на пример, Malacopsyllidae се наоѓаат само на армадило, Ischnopsyllidae само на лилјаци, и други.

За разлика од другите инсекит, болвите немаат фасетно око, туку едноставни очи со биконвексни леќи, а некои видови немаат очи воопшто.[1] Нивните тела се сплескани, поради што можат лесно да се движат низ крзно или пердуви.[2]

Ориенталната болва на стаорец, Xenopsylla cheopis, е вектор на Yersinia pestis, бактерија што предизвикува бубонска чума. Болеста се шири кај луѓето преку глодачи, како што е црниот стаорец, кои биле каснати од заразени болви. Големи епидемии ја вклучиле и Чумата на Јустинијан, околу 540 г. и црната смрт, околу 1350 година, од кои и двете убиле значителен дел од светската популација.

Болвите се појавуваат во човечката култура во такви разновидни форми како циркус на болви, песни како еротска песна на Џон Дон, Болвата, музички дела, како што е Модест Мусоргски, и филм на Чарли Чаплин.

Наводи

уреди
  1. Taylor, Sean D.; Cruz, Katharina Dittmar de la; Porter, Megan L.; Whiting, Michael F. (May 2005). „Characterization of the Long-Wavelength Opsin from Mecoptera and Siphonaptera: Does a Flea See?“. Molecular Biology and Evolution. 22 (5): 1165–1174. doi:10.1093/molbev/msi110. ISSN 0737-4038. PMID 15703237.
  2. „Wiley: The Insects: An Outline of Entomology, 5th Edition – Gullan, P.J.; Cranston, P.S.“. wiley.com. Посетено на 11 November 2016.

Надворешни врски

уреди