Станбик Банка
Станбик банка е дел и членка од групацијата на Стандардна банка и се наоѓа во Јоханесбург, Јужна Африка.
Преглед
уредиСтанбик банката била усвоена како трговско име во 1992 година, кога Групацијата Стандардна банка, тогаш позната како Стандардна банка инвестициска корпорација, ги купила африканските акции на АНЗ Гриндлејс банка . Новото име било усвоено за да не дојде до забуна со поранешната матична банка на Стандард банка, Стандард Чартерд банка, која продолжила со работа во Африка.
Стандард банката сега постои под името Станбик банка во државите Боцвана, Демократска Република Конго, Гана, Кенија, Малави, Нигерија, Јужен Судан, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве .
Групацијата Стандардна банка исто така пстои и како Стандардна банка во Намибија, Свазиленд, Јужна Африка, Лесото, Маурициус, Ангола и Мозамбик . Во Мадагаскар, групата е претставена од Универзитетската трговска банка .[1]
Деловна активност
уредиВо септември 2012 година, Станбик банка Танзанија обезбедила финансии со вредност од 3 милијарди американски долари за проектот за ископување на железната руда Мчучума и јагленот Лиганга во областа Лудева во новосоздадениот регион Њомбе во југозападна Танзанија .[2]
Во 2015 година, Станбик банка се соочила со скандал за измама со трансфер на пари од шведската амбасада на приватни сметки на поранешен вработен во амбасадата.[3]
Надворешни врски
уреди- Портал на банка Стенбиќ Архивирано на 6 февруари 2010 г.
Поврзано
уреди- Стандардна банка
- Станибик банка (Уганда) ограничена
- CfC Stanbic Holdings
- Holdings IBTC Holdings
Користена литература
уреди- ↑ „Home | Standard Bank - South Africa“. www.standardbank.co.za. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 2017-09-13.
- ↑ Tanzania: Mining Firm Acquires U.S. $3 Billion From Banks, Africa: AllAfrica.com, 2012, Посетено на 4 October 2012
- ↑ Swedish embassy scammed for millions, Sweden: Dagens Nyheter, 2015, Посетено на 31 October 2015