Тегу (стадион)
Стадион „Тегу“ (корејски: 대구월드컵경기장, наречен и „Син свод“)[1] — најголем стадион Јужна Кореја, сместен во градот Тегу. Сè до март 2008 г. го носел името „Стадион на светското првенство ’Тегу‘“ (анг. Daegu World Cup Stadium). Има примоспособност за 65.000 гледачи (тековно ограничено на 53.000) и места за 3.550 автомобили. Сместен е околу 11 км од градскиот аеродром. Со стадионот управува Спортскиот раководен центар на Тегу.
Тегу 대구월드컵경기장 | |
---|---|
Син свод | |
Целосно име | Стадион Тегу |
Место | Тегу, Јужна Кореја |
Координати | 35°49′47.2″N 128°41′25.1″E / 35.829778° СГШ; 128.690306° ИГД |
Започнат | 29 јули 1997 |
Отворен | 28 јуни 2001 |
Сопственик | Град Тегу |
Оператор | Спортски раководен центар на Тегу |
Подлога | тревник, тартан |
Цена на изградбата | 265 млн. $ |
Архитект | Канг Чол-хи, Архитектонски институт Idea Image (IIIA) |
Конструктор | Зграда: Seoul Structure, Покрив: WS Atkins |
Главен изведувач | Samsung |
Поранешни имиња | Стадион на светското првенство „Тегу“ |
Игра | Светско првенство во фудбал (2002) ФК Тегу (2003–) XXII Летна универзијада (2003) 13th Светско првенство во атлетика (2011) |
Гледачи | 68.014 |
Ова е еден од стадионите на кои се одржало Светскотото првенство во фудбал во 2002 г. и главен стадион за Летната универзијада во 2003 г.[2] и Светското првенство во атлетика во 2011 г. Стадионот е домашно игралиште на прволигашот ФК Тегу.[3][4]
Изградба
уредиИзградбата завршила во мај 2001 г. со цена на чинење од 265 милиони долари. Проектант на покривот е меѓународното ателје WS Atkins. Има два дела, секој со наклонет свод со челични носачи и опсег од 273 м при издигање од само 28,7 м. Потпомогнат е од 13 потпорни сводови што водат во втор обиколен лак потпрен на скалишни столбови.[5] Вкупната тежина на покривната конструкција изнесува 4.350 тони. Прекривката е обложена со ПТФЕ и зајакната со стакло. Моделирањето и статичките работи ги извршил Tensys.[6] Ветерниот товар врз покривот го проценил BMT Limited.
Светско фудбалско првенство 2002
уредиНа стадионот се одржани следниве натпревари во рамките на Светско првенство во фудбал во 2002 г.:
Датум | Екипа | Исход | Екипа | Коло |
---|---|---|---|---|
6 јуни 2002 | Данска | 1–1 | Сенегал | Група A |
8 јуни 2002 | Словенија | 0–1 | Јужна Африка | Група B |
10 јуни 2002 | Јужна Кореја | 1–1 | САД | Група D |
29 јуни 2002 | Јужна Кореја | 2–3 | Турција | Трето место |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ World Stadiums Стадион „Тегу“ Архивирано на 27 јануари 2009 г. посет. 12 октомври 2011 г
- ↑ XXII Летна универзијада Архивирано на 14 август 2011 г. посет. 12 октомври 2011 г
- ↑ 대구 월드컵 경기장, 시민들을 위한 따뜻한 쉼터[мртва врска]
- ↑ Матична страница на ФК Тегу[мртва врска] (корејски)посет. 12 октомври 2011 г
- ↑ Korea Ready for Kickoff Архивирано на 16 август 2012 г. — New Civil Engineer посет. 20 октомври 2009 г
- ↑ Building Types Study: Stadiums: Daegu Stadium — Architectural Record посет. 20 октомври 2009 г
Надворешни врски
уреди- Спортски раководен центар на Тегу (корејски)