Стадион Ал Јануб (арапски: استاد الجنوب, транскрипција: Истад ал-Џануб, буквално Стадион на југот) — фудбалски стадион со покрив што се повлекува во Вакра, Катар, наменет да се користи за натпревари на Светско првенство во фудбал на ФИФА 2022, кое започнало на 20 ноември 2022 година.

Стадион Ал Јануб
Место Вакра, Катар
Започнат 2014
Изграден 2014–2019
Отворен 16 мај 2019
Сопственик Катар
Подлога трева
Игра Фудбалска репрезентација на Катар
Ал-Вакрах СЦ
Гледачи 44,325

Стадионот има криволиниски постмодернистички и неофутуристички дизајн. Изгледот на покривот бил инспириран од едрата на традиционалните чамци Доу, кои ги користеле нуркачите на бисери од регионот, ткаејќи низ струите на Персискиот Залив.

Стадионот ќе биде официјалното седиште на фудбалскиот клуб Ал-Вакрах СЦ, каде ќе се играат натпреварите од Лигата на ѕвездите на Катар. Капацитетот на стадионот е 40.000, што се очекува да се намали на 20.000 по Светското првенство.[1]

Стадионот се наоѓа на околу 22 километри јужно од Доха.

Историја

уреди

Катар бил избран за домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 во 2010 година. Таа ќе стане првата земја со мнозинско муслиманско население и првата земја на Блискиот Исток што ќе биде домаќин на Светското првенство.[2]

Стадионот бил отворен на 16 мај 2019 година, за време на финалето на Емир Купот во 2019 година помеѓу Ал Сад СЦ и Ал-Духаил СЦ одиграно пред публика од 38.678 гледачи, што го прави вториот стадион што е завршен по Меѓународниот стадион Халифа. На овој натпревар присуствувал емирот (шефот на државата) на Катар, Шеикот Тамим бин Хамад ел Тани.[3]

Стадионот бил домаќин на полуфиналниот натпревар на 24. Куп на Арапскиот Залив.[4]

Во декември 2020 година, стадионот Ал Јануб бил домаќин на финалето на Лигата на шампионите на АФЦ во 2020 година.[5]

Како и другите стадиони изградени за Светското првенство во фудбал во 2022 година, стадионот Ал Јануб е предмет на контроверзии поради третманот и статусот на работниците мигранти вработени на градилиштата.[6]

Дизајн

уреди

Стадионот е дизајниран од архитектката Заха Хадид и нејзината архитектонска фирма Заха Хадид Архитекти. Архитектката Заха Хадид изјавила дека „Стадионот е дизајниран во нова област, така што се наоѓа во срцето на урбаното проширување на градот, создавајќи активности засновани на заедницата во и околу стадионот во денови без настани“.

Изгледот на покривот бил инспириран од едрата на традиционалните чамци Доу, кои ги користеле нуркачите на бисери од регионот, ткаејќи низ струите на Персискиот Залив.

Системот за ладење спречува прегревање на корисниците на стадионот, поради топлата и сушна клима во Катар. Тој е способен да ги лади местата на гледачите до 18°C и полето за игра до 20°C.

Натпревари

уреди

ФИФА Арапски куп 2021

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Гледачи
30 ноември 2021 16ː00   Ирак 1–1 Предлошка:Country data OMA Група А 1,576
1 декември 2021 19ː00   Мароко 4–0   Палестина Група Ц 3,843
4 декември 2021 16ː00   Либан 0–2   Алжир Група Д 9,405
6 декември 2021 18ː00   Сирија 1–2   Мавританија Група Б 8,539
7 декември 2021 22ː00   Алжир 1–1   Египет Група Д 32,418
11 декември 2021 18ː00   Египет 3–1   Јордан Четвртфинале 28,306

ФИФА Светско првенство 2022

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Гледачи
22 ноември 2022 22:00   Франција 4–1   Австралија Група Д 40,875
24 ноември 2022 13:00   Швајцарија 1–0   Камерун Група Г 39,089
26 ноември 2022 13:00   Тунис 0–1   Австралија Група Д 41,823
28 ноември 2022 13:00   Камерун   Србија Група Г
30 ноември 2022 18:00   Австралија   Данска Група Д
2 декември 2022 18:00   Гана   Уругвај Група Х
5 декември 2022 18:00 Победник група Е Второпласиран група Ф Осминафинале

Наводи

уреди
  1. „Al Janoub Stadium / Zaha Hadid Architects“. ArchDaily (англиски). 2019-05-18. Посетено на 2022-11-27.
  2. „Qatar wins 2022 World Cup bid“. the Guardian (англиски). 2010-12-02. Посетено на 2022-11-27.
  3. „Al Janoub Stadium“. Wikipedia (англиски). 2022-11-26.
  4. „Summary - Gulf Cup of Nations - Asia - Results, fixtures, tables and news - Soccerway“. nr.soccerway.com. Посетено на 2022-11-27.
  5. Newspaper, The Peninsula (2021-03-31). „600 days to go: Qatar's FIFA World Cup stadiums are looking incredible“. thepeninsulaqatar.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.
  6. „Amnesty report: Qatar migrant workers trapped and exploited before World Cup“. the Guardian (англиски). 2021-11-16. Посетено на 2022-11-27.