Српски лични имиња
Српски лични имиња — имиња кои ги добиваат или ги земаат припадниците на српскиот народ. Личното име се дава веднаш по раѓањето, тоа е неразделен дел на човекот, и најчесто го следи целиот живот. Името е еден од поважните белези на посебноста кој поединецот го разликува од другите луѓе и народи.
Во српската традиција постои верување дека името со снагата на значењето може да ги одреди особините на оној кој го носи.[1] Српските народни имиња во поголем дел се од словенско потекло (на пр. Бранимир, Владислав, Весна, Вук.[2][3] Меѓу христијаните одомаќени се варијанти на грчки (на пр. Доротеја, Ѓорѓе, Дамјан) и еврејски имиња (на пр. Јован, Лазар, Тамара), додека меѓу српските муслимани вообичаени се арапските имиња (Амир, Селма, Емина).
Историја
уредиПрвично српскиот именски фонд во целост го чинеле словенските народни имиња, кои главно се давале по имиња на животни и растенија, природни појави или добри и пожелни особини. Некогаш имињата носеле одредени магиски значења и се верувало дека ја одредуваат човечката судбина во време и простор.[4]
Покрстувањето на Словените и Србите во средниот век и прифаќањето на христијанството, прифатени се и календарските имиња од хебрејско и грчко потекло, кои со тек на времето влегувале во српскиот именски простор.[5] Според Дечанските хрисовули (1330 година), 90 отсто од имињата на подрачјето на Дечани сè уште биле народни.[3] Народните имиња кај Србите преовладуваат и на почетокот на турското доба, па уделот на српските народни имиња во XV век бил 72,6 отсто.[3] Со мешање на странските основи и словенската наставка настанале имињата како: Томислав, Петрослава, Павлимир, Ѓурисав, итн.
Меѓу жителите на Белград меѓу 1900 и 1990 година најбројни биле следните основи на имињата: мил, рад, драг, љуб, жив, слав, вук, бор, мир.[6] Од 1990-тите години расте бројот на христијански календарски имиња во однос на народните, па во најчестите 10 имиња на новородени машки деца во Белград меѓу 2003 и 2005 година, само едно било народно.[7]
Потекло на имињата
уредиСпрема потеклото, српските имиња може да се поделат на изворни српски имиња со словенска основа и странски имиња (грчки, еврејски, арапски и останати) кои со текот на времето, најмногу преку религијата, влегувале во српскиот именослов.
Словенски имиња
уредиСловенските имиња се дел од српското словенско наследство, со векови познати и распространети кај сите словенски народи. Препознатливи се по наставките:
- ан/а (Бојан, Дејан, Драган, Војкан, Владана, Звездан (име)|Звездана, Зорана, итн.)
- бор/ка (Велибор, Далиборка, Ратибор)
- ван (Братован, Милован, Негован, Радован)
- вој/е (Боривоје, Добривоје, Кресивоје, Љубивоје, Миливоје, Радивој, итн.)
- драг (Миодраг, Предраг)
- ко/ка (Жарко, Станко, Дарко, Борка, Бранка, Данка)
- љуб (Богољуб, Братољуб, Драгољуб, Мирољуб, Светољуб)
- мир (Бранимир, Будимир (име)|Будимир, Тихомир (име)|Тихомир, Десимир, Љубомир (име)|Љубомир, Чедомир)
- рад (Драгорад, Вукорад, Живорад, Милорад, Светорад)
- слав/а (Бранислава, Ватрослав, Драгослава, Мирослав (име)|Мирослав, Радослав (име)|Радослав).
Грчки имиња
уредиГрчките имиња меѓу Србите дошле преку византиското христијанство во средниот век. Препознатливи се по наставките:
- ије/а (Алексије, Арсеније, Димитрије, Василије|Василије, Анастасија...)
- еј/а (Андреј, Доротеја, Доситеј, Тадеј, Тимотеј, итн.)
- им/а (Јевросима, Јероним, Леонид)
Еврејски имиња
уредиЕврејските имиња меѓу Србите дошле преку христијанството, и тоа се главно имињата на апостолите и библиските личности. Најпознати меѓу нив се: Аврам, Адам, Гаврило, Давид, Данијела, Илија, Исак, Јеврем, Јеремија, Јелисавета, Јована, Јосиф, Лазар, Марија, Михаило, Наум, Сава, Сара, Тамара, Манасија, итн.
Арапски имиња
уредиАрапските имиња во српскиот именски простор дошле преку исламот. Присутни се главно меѓу муслиманското население во Србија, додека некои (на пр. Јасмина, Емина, Мајда) се одомашиле во широката популација. Неретко се користеле и во мешаните бракови во бившата Југославијс. Најпознати меѓу нив се: Аиша, Амила, Азра, Елмира, Емир, Емина, Есма, Јасмина, Ламија, Лејла, Мирза, Надија, Сенад, Синан, Сафет, Селма, Фатима, Фахрета, Хана, Шабан, итн.
Нови имиња
уредиНовите или „помодните“ имиња се оние кои во последните педесетина години влегле во српскиот именски простор и најчесто се даваат по познати јавни личности, глумци, политичари, итн. Некои од нив се: Елвис по Елвис Присли, Лењин, Стаљин (по руските комунистички водачи), Индира (по Индира Ганди), Жаклина (по Жаклина Кенеди), Касандра (по ликот од истоимената серија), Валентина (по Валентина Терешкова), Силвана (по Силвана Мангано), Дајана (по англиската принцеза Дајана, и многу други.[2] Во овие помодни имиња спаѓаат и оние кои настанале како израз на „восхит“ од напредокот и новите текови (Машинка, Тракторка, Петолетка, итн.).
Градење на имињата
уредиКај српските имиња воочуваме два вида имиња, т.е. прости и сложени.
Прости имиња
уредиПростите имиња најчесто настанале од основата која ја чинат именки, придавки или глаголи, и ним им се додаваат наставки. Наставките во српскиот јазик се типски:
- ан (Бојан, Вукан, Звездан)
- ван (Радован, Милован)
- ен (Огњен, Мишљен, Љубљен)
- ин (Даворин)
- ица (Драгица, Вукица, Вујица)
- ја (Цвеја, Хоја)
- је (Радоје, Благоје)
- ка (Милка, Славка, Јаворка)
- ко (Борко, Гојко, Станко, Ранко)
- ла (Добрила)
- ло (Јарило, Ведрило)
- на (Дивна, Видна, Стојна)
- ош (Милош, Радош, Драгош)
- та (Милета, Благота, Владета)
- ут (Борут, Добрут)
- хна (Будихна, Добрихна)
- ша (Угљеша, Вранеша), итн.
Простите имиња може да бидат и без наставки, користејќи ги само именките од српскиот јазик. Така има многу имиња кои за основа имаат животни или билки, како на пр.: Вук, Голуб, Лав, Змај, Вишња, Дуња, Јагода, Ружа, Јела, итн.
Сложени имиња
уредиСложените имиња се состојат од две или повеќе именки, придавки или глаголски основи. Во најчести составни делови на овие имиња спаѓаат:
- бог (Богољуб, Божидарка)
- бор (Ратибор, Далиборка)
- бран (Бранимир, Бранислав)
- брат (Вукобрат, Братислав)
- вид (Видосава)
- влад (Владимир, Владислава)
- воје (Добривој, Миливоје)
- вук (Вукица, Вукосава)
- драг (Миодраг, Драга)
- жив (Живорад)
- љуб (Мирољуб)
- мил (Чедомил)
- мир (Мирослав, Владимир, Бранимир)
- рад (Живорад, Милорад)
- рат (Ратибор, Ратимир)
- сав (Радосав, Радисав)
- син/шин (Вукашин, Драгашин)
- слав (Светислав, Ватрослав, Десислава)
- стан (Станимир)
Значење на имињата
уредиИмињата се показател како народот го доживува светот околу себе, на што се надевал и како одговарал на неволјите во кои се нашол.[6] Многумина веруваат во старата латинска поговорка „Nomen est omen“ (името е знак), според која името го одредува човека.[8] Заштитните имиња од типот Вук, Вукашин, Вукан биле давани бидејќи „злото се плаши од волкот“, а Горчин за на злото да му биде горчлив и да го заобиколува[2] Доста имиња се состојат од особините кои родителите му ги посакуваат на детето, како што се среќа, здравје, убавина, добрина, власт, мир, памет, итн.
- имиња кои призиваат здравје: Гвозден, Здравко, Невена
- имиња кои призиваат убавина: Лепа, Дивна, Витомир
- имиња кои призиваат добрина: Благоје, Добри, Добривоје, Доброчин, Добрача
Пример на значења на некои имиња:
- Зломаница, ќе ја остави секое зло
- Завида, не треба никој да му завидува
- Страхиња, да го избрка стравот
- Отмич, ќе се отме од секоја болест
- Живан и Живка, да живее, му се дава на дете кога во куќата не се задржуваат децата
- Весна, по словенската божица на пролетта
- Лада, по словенската божица на убавината
- Ранко и Ранка родени се рано наутро, или се прерано родени
- Дуња, по овошјето кое се вика дуња
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Српска имена у 20. веку.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Priča o imenima Архивирано на 16 септември 2009 г..
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Светозар Стијовић: Ален Милисавов, Катрин Милевина, Српско наслеђе бр. 13, 1999.
- ↑ Osobna imena (antroponimi) Архивирано на 24 март 2017 г., Посетено на 25. 4. 2013.
- ↑ „Стара српска имена“. Архивирано од изворникот на 2009-02-07. Посетено на 2017-04-21.
- ↑ 6,0 6,1 Именослов (Свевлад)
- ↑ „Najpopularnija imena u Srbiji“. Архивирано од изворникот на 2011-08-07. Посетено на 2017-04-21.
- ↑ „Nomen est omen“. Архивирано од изворникот на 2016-05-11. Посетено на 2017-04-21.
Надворешни врски
уреди- Именослов (Вуков Тршић)
- Српска имена у 20. веку
- Именослов српских имена Архивирано на 11 мај 2012 г. (СПЦ)