Културно наследство на Србија

Културното наследство на Србија е наследството од областа на културата на Република Србија кое е од општ интерес. Тука се вбројуваат предметите и творбите од материјално и нематеријално културно наследство. Културното наследство е дефинирано, категоризирано и заштитено со посебен закон (Закон за културно наследство).[1] Во зависност од значењето, културното наследство се дели на три категории кои се дефинирани со законот: заштитено културно наследство, културно наследство од големо значење и културно наследство од исклучително значење. Во зависност од физичките, уметничките, културните и историските особености, културното наследство се дели на неподвижно и подвижно. Во неподвижно културно наследство спаѓаат: споменици на културата, просторни културно-историки целини, археолошки наоѓалишта и места на знаменитости. Во подвижно културно наследство спаѓаат: уметничко-историски дела, архивски материјал, филмски материјал и стари и ретки книги.

Српска култура
Уметност
Книжевност  • Музика  • Театри  • Сликарство  • Фотографии  • Кинематографија
Традиција
Народни обичаи  • Народна носија  • Игри  • Кујна  • Сродни односи  • Религија  • Хералдика  • Епска поезија
Споменици
Културно наследство  • Музеи  • Архитектура  • Тврдини  • Манастири  • Светско наследство  • Воени гробишта
Разно
Познати Срби  • САНУ  • Спорт  • Дигитализација
Фреската Бел ангел во манастирот Милешева

Неподвижно културно наследство на Србија уреди

Категории на неподвижно културно наследство уреди

Неподвижното културно наследство на Србија е дефинирано со Законот за културно наследство (член 19-22) и е поделено во четири категории:

  • Споменик на културата е градежно архитектонски објект од посебно културно или историско значење, како и неговата градителска целина, објект на народното градителство, друг неподвижен објект, дел од објект и целина со особености врзани за одредена средина, дело на монументално и декоративно сликарство, вајарство, применети уметности и културотехнички експонати, како и други подвижни нешта во нив од посебно културно и историско значење.
  • Просторна културно-историска целина е урбано или рурално место или пак делови од нив, односно простор со повеќе неподвижни културни наследства од посебно културно и историско значење. 
  • Археолошко наоѓалиште е дел од земјиште или површина под вода кои содржат остатоци на градби и други неподвижни објекти, гробни и други наоѓалишта, како и подвижни предмети од поранешни историски периоди, а се од посебно културно и историско значење. 
  • Место на знаменитост е простор врзан за настан од посебно историско значење, подрачје со изразени елементи на природни или со труд создадени наследства како единствена целина, како и спомен гробишта или гробишта и други спомен обележја кои се подигнати за трајно чување на спомени на значајни настани, личности и места од националната историја (меморијали) од посебен културен и историски значај. 

Централен регистер на неподвижно културно наследство уреди

Во централниот регистер на Републичкиот завод за заштита на споменици од културата моментално се запишани 2.536 неподвижни културни наследства од кои 2.192 се споменици на културата, 77 се просторни културно-историски целини, 191 се археолошки наоѓалишта и 77 се места на знаменитости.

Има 782 категоризирани неподвижни културни наследства од кои 200 се од исклучително значење, а 582 се од големо значење. 

Меѓу неподвижните културни наследства од исклучително значење има 155 споменици на културата, 11 просторни културно-историски целини, 18 археолошки наоѓалишта и 16 места на знаменитости. 

Меѓу неподвижните културни наследства од големо значење 512 се споменици на културата, 28 се просторни културно-историски целини, 25 се археолошки наоѓалишта и 17 се места на знаменитости.

Список на неподвижни културни наследства на Србија уреди

 
Српскиот православен манастир Грачаница, од почетокот на 14 век (Светско културно наследство)

Списокот на неподвижните културни на наследства претставува база на културните наследства на Србија и се со највисоко ниво на заштита од страна на државата.[2]  За да бидат ставени на овој список местата мора да исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

  • Да има посебно значење кое се однсеува на општествениот и културен развој на народот во историјата на нацијата и развојот на природното опкружување на нацијата;
  • Да сведочи за клучен историски настан, личности и нивни активности во историјата на нацијата;
  • Да дава единствени и ретки творби на човечкото творештво во одредено временско раздобје или пак единствен пример од природната историја;
  • Да поседува исклучителни уметнички или естетски вредности.

Регистарот содржи 2409 места и наоѓалишта и е поделен во дванаесет категории: 

Исклучително значење Големо значење Заштитени
Археолошки наоѓалишта од исклучително значење Археолошки наоѓалишта од големо значење Заштитени археолошки наоѓалишта
Споменици на културата од исклучително значење Споменици на културата од големо значење Заштитени споменици на културата
Места на знаменитости од исклучително значење Места на знаменитости од големо значење Заштитени места на знаменитости
Просторни културно-историски целини од исклучително значење Просторни културно-историски целини од големо значење Заштитени просторни културно-историски целини

Подвижни културни наследства на Србија уреди

Категории на подвижни културни наследства уреди

Подвижните културни наследства на Србија се дефинирани со Законот за културно наследство (член 23-26) и се поделени во четири категории:

  • Уметничко-историски дела се предмети, односно групи на предмети кои самостојно или заеднички имаат посебно значење за запознавање на историскиот, културниот, научниот и техничкиот развој, како и природата и нејзиниот развиток, без оглед на тоа кога и каде настанале, дали се наоѓаат во установи за заштита или се надвор од нив.
  • Архивски материјал опфаќа изворни или репродуцирани пишани, цртани, комјутеризирани, печатени, фотографирани, филмувани, микрофилмувани, фонографирани или на друг начин забележани документирани материјали од посебно значење за науката и културата, кои настанале при работа на државни органи и организации, органи на единици на територијална автономија и локална самоуправа, политички организации и нивни органи, установи и други организации, верски заедници, како и поединци, без оглед кога и каде настанале и дали се наоѓаат во установи за заштита или надвор од нив.
  • Филмски материјал опфаќа филмски материјали (оригинал, негатив слики и тон негатив) копии на филмови, оригинали и копии на видео ленти и други носачи на записи на  регистрирани слики во движење, без оглед на техниката на снимањето и на тоа кога и каде се направени; како и други фимски материјали (сценарио, книга на снимање, листа на дијалози, филмски плакат, филмски фотографии, скици на декор и костими, нотни записи на филмска музика, рекламни публикации и други документи настанати пред, во тек и по снимањето на филмот). 
  • Стари и ретки книги опфаќаат ракописи, ракописни и печатени книги и друг библиотекарски материјал настанат до крајот на 1867 година, ретки книги, одредени примероци  на периодични изданија и други ретки библиотекарски материјали настанати и после 1867 година, одреден библиотекарски материјал кој на база на овој закон се дава на овластена библиотека како задолжителен примерок и документација за неа, како и посебни библиотекарски целини кои поради својата содржина, уметничка, културна и историска вредност се значајни за науката и културата.

Централни регистри на подвижни културни наследства уреди

Централните регистри на подвижни културни наследства во Србија се водат (според категории) од: Народниот музеј во БелградАрхивот на СрбијаНародна библиотека на Србија Народната библиотека на Србија и Југословенската кинотека (Закон за културно наследство, член 61).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „ЗАКОН О КУЛТУРНИМ ДОБРИМА РЕПУБЛИКЕ СРБИЈЕ“ (PDF). Посетено на 21 март 2018.
  2. „Министарство културе и информисања - Културна добра“. www.kultura.gov.rs. Посетено на 2018-03-21.

Литература уреди

  • Правилник о стављању ознака на непокретна културна добра (Службени гласник Републике Србије, бр. 51/96)
  • Будимир, Милорад (1997). „Покрајински завод за заштиту споменика културе - Приштина“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 249.
  • Jelena Vilus, Pravna zaštita kulturnih dobara, Beograd 2007.
  • Милица Вучковић, "Ограничења права својине на културним добрима", у: Заштита људских и мањинских права у европском правном простору: Тематски зборник радова Правног факултета у Нишу, књ. 6, Ниш 2016, стр. 121-132.
  • Марија Каличанин-Крстић, Марко Грковић, Предраг Вукашиновић, "Проблем уништавања археолошких налазишта и покретног археолошког материјала приликом нелегалних ископавања", Гласник Српског археолошког друштва, бр. 30 (2014), стр. 263-272.
  • Предраг Малбаша, "Инвентар културних добара", Гласник Друштва конзерватора Србије, бр. 33 (2009), стр. 49-50.
  • Jovan Popović, "Zaštita arhivske građe i drugih pokretnih kulturnih dobara u vreme NATO agresije na SRJ 1999. godine", Pravni život: Časopis za pravnu teoriju i praksu, god. 55, knj. 504, br. 12 (2006), str. 591-603.
  • Марко Поповић, "Рад Комисије у области заштите културних добара од изузетног значаја и добара српског порекла у иностранству", Гласник Друштва конзерватора Србије, бр. 34 (2010), стр. 16.
  • Милена Поповић-Субић, Ненад Предојевић, "Неки проблеми у примени Закона о културним добрима", Архивски анали: Часопис архивских радника Војводине, год.. 2, бр. 2 (1994), стр. 151-155.
  • Трајковић, Ненад (1997). „Завод за заштиту споменика културе града Приштине“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 250.
  • Шутаковић-Андрић, Наташа (1997). „Општински завод за заштиту споменика културе у Призрену“. Енциклопедија српске историографије. Београд: Knowledge. стр. 248–249.
  • Конзервација покретних културних добара у Србији данас, Београд 2017. (зборик радова)

Надворешни врски уреди