Југословенска народна армија

(Пренасочено од Југословенска армија)

Југословенска народна армија (ЈНА) — вооружена сила на поранешна ФНРЈ, подоцна СФРЈ. Во своето време, се сметала за четврта по големина војска во Европа[се бара извор], и за добро вооружена и обучена воена сила.[се бара извор] Формирана е од антифашистичките сили на Југославија во текот на Втората светска војна, и била под контрола на комунистите. Претседателот на КПЈ Јосип Броз Тито бил и командант на ЈНА во текот на војната. Од формирањето во 1941 до 1945 се викала Народноослободителна војска (НОВ), а потоа во 1945 била преименувана во Југословенска Армија (ЈА), и конечно на 10-годишнината во 1951 ја добила и придавката „народна“.

Југословенска народна армија
Амблем на ЈНА: горе (1951–1991); долу (1991–1992)
КратенкаЈНА
Основана22.12.1941. Рудо, БиХ
Укината12.05.1992.
Видвоена организација
Правен статусрасформирана
Целодбранбена војска на СФРЈ, претходно ФНРЈ
СедиштеБелград, Југославија
Регионпоранешна Југославија (до 1991)
Членство180.000 активен состав, 1,2 милиони резервен состав
Службени јазицисрпско-хрватски/хрватско-српски
Командантмаршал, генерал на армија или адмирал на флота
Главно телоГенералштаб
Матична организацијаПретседател на СФРЈ до 1980, потоа Претседателство на СФРЈ

Во 1991 - 1992 година, со распадот на Југославија, ЈНА се ставила во служба на српските интереси во Југославија. Кога увиделе дека Југославија повеќе не постои, Србија и Црна Гора ја реформирале ЈНА во Војска на Сојузна Република Југославија, скратено ВЈ. Но, поголемиот дел од заедничкото оружје, инфраструктура и служби, меѓу кои и КОС останале во посед и во служба на Србија.

Организација и состав

уреди

ЈНА се состоела од три рода: копнена војска, морнарица и воздухопловство. Имала активен состав од околу 180.000 војници и офицери. Војниците се мобилизирале преку систем на задолжителна воена обврска за сите машки здрави лица на возраст од 18 до најдоцна 27 години. Околу 100.000 војници биле во постојаниот состав на ЈНА, останатите биле офицери и други експерти. Офицерите биле платени професионалци.

Доктрина

уреди

ЈНА имала уникатна доктрина: во случај на агресија, задачата на ЈНА била да го забави нападот на непријателот до активирањето на единиците на Територијалната одбрана (ТО) која била резервна војска составена од цивилното население и многу побројна од ЈНА. Потоа, ЈНА заедно со ТО требало да спроведат концепт на партизанска тотална војна во која би било вклучено целокупното население, тнр. Општонародна одбрана. Ваквиот стил на војување се предвидувало дека ќе го замори агресорот и конечно ќе го примора на повлекување.

Според искуствата од партизанското војување во Втората светска војна, Општонародната одбрана се сметала за единствен начин за делотворно спротивставување на посилен агресор.

ЈНА како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.