Споменик на слободата (Кочани)

мозаичен споменик во Кочани
(Пренасочено од Споменик на слободата)

Споменик на слободата — монументален споменик во Кочани, изграден на ридот Локубија, на северозападната страна на градот. Споменикот е голем комплекс од отворени ѕидни конструкции, на кои се применети мозаици на Глигор Чемерски. Прогласен е за културно наследство на Македонија.[1]

Споменик на слободата
Споменикот на слободата
Карта
Општи податоци
ГрадКочани
ЗемјаРепублика Македонија
Почната1975
Завршена1977
СопственикОпштина Кочани
Проектирање и изградба
ИнженерГлигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ
Портал
https://spomeniknaslobodata.mk/

Изградба

уреди

Споменикот е граден во периодот 1975-1977 година, од страна на тогашното Собрание на Општина Кочани. Преку самоуправна спогодба биле собрани финансиски средства за таа намена во противредност од околу 800.000 тогашни германски марки. На распишаниот јавен конкурс за уметничко и архитектонско решение се јавиле повеќе автори од тогашна Југославија. Комисијата го избрала уметничко-архитектонското решение на авторите Глигор Чемерски[2] и Радован Раѓеновиќ.

Во 1981 г. споменикот бил целосно завршен, а на 28 ноември 1981 г. (Денот на Републиката) со голема свеченост и присуство на граѓани, гости, уметници од културата, политичари и други, бил предаден во употреба.

Значење

уреди

Со неговата изградба Кочани, па и Македонија се збогатени со едно уметничко ремек-дело. На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период, па до НОВ. Посебно во споменикот со пиетет се ставени имињата на загинатите борци во НОАВМ од Кочани и Кочанско.

Покрај историската и уметничка вредност, споменикот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која се користела за свечености, театарски претстави и други собири. Споменикот е прогласен за споменик на културата и како таков е влезен во регистарот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Запоставеност

уреди

По осамостојувањето на Македонија, споменикот бил препуштен на забот на времето и значително оштетен. Оштетувања биле направени и од несовесни граѓани кои откорнале дел од мозаикот или нанесувале графити на споменичната површина. Дел од оштетувањата биле поправени во 2004 г.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Глигор Чемерски[мртва врска]
  3. Глигор Чемерски за реставрирањето на мозаикот во Кочани

Надворешни врски

уреди

41°55′8″N 22°24′25″E / 41.91889° СГШ; 22.40694° ИГД / 41.91889; 22.40694